ПОЧИНА 14-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ОД ЛАБУНИШТА: Имала симптоми на стомачен вирус
Објавено во: Македонија 16 Мај, 2020
14-годишно девојче од струшкото село Лабуништа утринава починало на пат кон клиниките во Скопје. 49-годишниот татко Н.Т, својата ќерка ја донел во сериозна здравствена состојба во болницата во Струга, по што итно била препратена во Скопје, но за жал починала.
Според директорот на Општата болница во Струга, девојчето било со тешка клиничка слика, висока температура, но и со симптоми на стомачен вирус.
По барање на обвинител, врз телото на девојчето ќе биде извршена обдукција, со цел да се утврдат причините за смртта. Постхумно е земен и брис за да се направи тест со кој ќе се потврди дали девојчето е позитивно или не корона вирусот.