Почина мајката на Јанева, дали тоа ќе влијае на одредувањето притвор?

Објавено во: Македонија 21 Август, 2019
Mајката на обвинителката Катица Јанева починала денеска по долго боледување, пред Јанева да биде уапсена.
Обвинителството за организиран криминал за Јанева веќе побара притвор за злоупотреба на службената положба и овластувањата, а обвинителката Вилма Рускоска кажа дека тоа нема да влијае на барањето за притвор.
Јанева е осомничена за влијание и олеснување на положбата на Орце Камчев, кој беше во притвор за „Империја“, за што наплатила во мебел вреден околу 5.000 евра.
Но, извори од Обвинителството ја разгледуваат можноста да се даде согласност Катица Јанева со полициска придружба да присуствува на погребот на нејзината мајка, дознава А1.Он.Можеби ќе ве интересира
ФОКУС НА ДЕНОТ: Камчев тврди дека „Империја“ е случај отворен за изнуда, Катица нема да добие апанажа

Да им се суди во Хаг, бараат обвинетите за упадот во Собранието

Камчев: Сите што платиле реклама во 1ТВ, сите биле гонети од Јанева и Боки 13

Груевски до Пендаровски: „Заедничката“ историја стана „Бугарска“

Илија Димовски ќе предложи да не и се дава апанажа на Катица Јанева

ЖЕШКО ВО СУД: Камчев и Боки13 со различни тврдења-каде е торбата „Луј Витон“
