ПОЧИНА ПРОФ. Д-Р МЕТОДИ ЧЕПРЕГАНОВ: Еминентниот невропсохијатар беше активен во професијата до крајот на животот
Објавено во: Македонија 09 Јули, 2022 14:06
На 86-годишна
возраст почина истакнатиот невропсихијатар-епилептолог, Методи Чепреганов.
-Со огромна жалост би сакале да Ве известиме дека денес по кратко боледување почина нашиот ценет и почитуван Проф.Др.Методи Чепреганов. Директорот,менаџерскиот тим и сите вработени изразуваат огромна почит и благодарност за соработката и успесите во работата како дел од тимот на болницата,во која работеше повеќе од 20години. Вечна му слава!“, соопшти „Неуромедика“.
Чепреганов до смртта беше активен во својата професија. Во својот компјутер има заведено илјадници пациенти и води детална грижа за секој од нив. Тајната за договечноста, како што вели во едно од интервјуата дадени за Женски магазин, кое го пренесе Фактор, ја поврзува со генетиката како основа на сé.
- Втората тајна е умереност во сѐ. Сѐ што правите треба да биде умерено. Третата е да избегнувате стресови или состојби кои го воспалуваат организмот. Тие прават дисбаланс на хормоните и психосоматски болести. Тоа е најголемиот проблем на цивилизацијата и на македонскиот народ. Македонскиот народ живее во пролонгирана стресогена состојба, изјави пред неполна година професорот Чепреганов.
Во повеќедецениската дејност објави 47 книги, над 260 научни трудови и 130 монографии од областа на Неврологијата и епилептологијата. Беше член на Европската асоцијација за клиничка неврофизиологија и епилептологија за земјите од Француско говорно подрачје; Невролошка асоцијација на Франција.Награден е со орден Palmes Academiques од страна на Првиот министер на Франција во името на Министерството за наука.
Можеби ќе ве интересира
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија




