Почина пулмологoт Анѓелко Ѓорчев, татко на Влатко Ѓорчев
Објавено во: Македонија 07 Април, 2021
На 72 годишна возраст, вечерва во Универзитетскиот клинички центар во Ниш почина познатиот македонски професор и лекар, Анѓелко Ѓорчев.
Тој десетина дена беше во кома, откако во Ниш ја прими вакцината на АстраЗенека. Анализите покажаа дека неговата состојба не е последица на примената вакцина, изјави пред неколку дена Директорот на Клиничкиот центар каде беше хоспитализиран Ѓорчев. Тој беше познат пулмолог и пензиониран професор на Медицинскиот факултет во Скопје. Во јавноста беше познат и како татко на поранешниот пратеник и секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.