09 Октомври, 2024
0.0251

Почина славниот режисер Милош Форман

Објавено во: Стил 14 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Прославениот холивудски режисер Милош Форман почина на 86 годишна возраст по кратко боледување, во неговиот дом во Ворен, Конектикат, како пто соопшти неговиот менаџер Денис Аспланд. 

Форман е добитник на Оскар за режија за филмовите „Лет над кукавичкото гнездо“ и „Амадеус“, а меѓу неговите останати познати дела се и „Народот против Лари Флинт“ и „Човек на Месечината“.

Тој е роден на 18 февруари 1932 година во местото Часлав во близина на Прага, како Јан Томас Форман. Неговите родители биле убиени во нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц и Форман поголем дел од детството минал во дом за деца без родители.

Во 50-те години на минатиот век почнува да се занимава со снимање филмови, како еден од претставниците на „златната генерација на чехословачката кинематографија“. Во 1968 година за време на советската воена интервенција во Чехословачка, Форман се наоѓа во Париз, од каде емигрира за САД и во 1975 година добива американско државјанство.