Почина жената која беше повредена на автопатот Велес - Скопје
Објавено во: Македонија 16 Јануари, 2020
38 годишната жената која беше тешко повредена во верижниот судар, на автопатот Велес – Скопје, почина нешто по 15 часот, на КАРИЛ, поради тешки повреди на главата. Лекарите велат дека била под постојан надзор, но не успеале да ја спасат.
Во сообраќајката полесно се повредени уште тројца патници, а во верижниот судар учествуваа шест возила. Се утврдува причината за несреќата, но засега се знае дека коловозиот бил подмрзнат, а видливоста била намалена.