30 Април, 2024
0.0277

Почитувај го умниот работник

Објавено во: Колумни 12 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Деновиве ја читав изјавата на сопственикот на Атлантик Групa Емил Тедески  кој пред студентите од Harvard Business School, водечката бизнис школа во светот кажа “Не е лесно да се признае дека постои некој попаметен, но тоа е одлика на вистинскиот бизнисмен. Атлантик Група денес вреди неспоредливо повеќе затоа што имав храброст да вработам луѓе кои се подобри од мене, луѓе кои се попаметни и похрабри. Да не го направев тоа, компанијата која ја водам би останала заглавена некаде во минатиот век” линк до целото интервју http://faktor.mk/2015/10/31/emil-tedeski-na-studentite-od-hardvard-im-ja-otkri-tajnata-za-svojot-uspeh-imav-hrabrost-da-vrabotam-luge-koi-se/ Човекот е навистина инспиративен, но токму оваа негова изјава ме потсети на еден менаџер на дистрибутивна компанија од Македонија кој во една прилика кажа “Не поставувам амбициозни и многу квалитетни луѓе на одговорни позиции во компанијата, бидејќи истите тие еден ден можат да дојдат на мојата позиција. Со просечни луѓе полесно ја контролирам компанијата се што се случува во неа и побезбеден сум. Ќе се согласите комплетно различен бизнис пристап и стратегија. На самиот почеток Тедески со само неколку вработени започнал со дистрибуција на гуми за џвакање на територијата на Хрватска, додека во тоа време нашата компанија беше официјален претставник за повеќе реномирани брендови за територијата на Македонија и Албанија, со над 30-тина вработени.  Денес Атлантик Група компанијата на Тедески претставува мултинационално бизнис царство, едно од најголемите во Европа, додека нашата дистрибутивна компанија која ја раководеше менаџеров кој го споменав погоре  изгуби голем дел од принципалите, вработените ги менуваше, а мака мачеше со исплата на плати, со тоа креираше крајно лош имиџ, и денес едвај егзистира. И додека Тедески по секоја цена настојувал да ги мотивира и охрабри своите вработени, да ги наградува за секој мал успех, да покажува разбирање и почит, нашиот менаџер со навреди, викање, потценување и создавање грижа на совест ги дисциплинираше своите вработени и бараше подобри резултати, а кога си одеа од компанијата како да бегаа од пеколот. Тедески разговара со сите вработени во фирмата без оглед на позиција и место, додека нашиот немаше никаков однос кон вработените, посебно оние кои  беа на пониски позиции. Колку во нашите компании и институции се ценат и почитуваат вработените? Ако се цени според тоа колку од нив се успешни и присутни на интернационално ниво, би заклучиле дека се многу малку оние кои имаат правилна стратегија и респектабилен однос со своите вработени. Тоа што живееме во нестабилно време, во време на континуирана политичка криза, несигурност и транзиција, не е никакво оправдување. Како еден вработен да напредува, да биде попродуктивен, ако не добива соодветна награда. И тоа не мора секогаш да биде финансиска награда, туку во било што друго. Грижата за вработените е една од најважните алки за развој на еден бизнис, а сепак тоа ретко го практикуваме! Менаџерите треба добро да ги познаваат своите вработени, да знаат што можат од нив да очекуваат, да поставуваат разумни барања, и да ги мотивираат на најдобар можен начин. Во овој контекст сакам да споделам и една мисла од исклучителната книга за мали и големи “Малиот Принц” од Егзипери – “Ако му дадам наредба на еден генерал да лета од цвет на цвет, или да напише трагедија, или да се претвори во морска птица, и ако генералот не ја изврши дадената наредба, тогаш кој е виновен тој или јас? Од секого треба да се бара она што може да го даде, рекол кралот. Авторитетот, пред се, се темели на разумот. Ако му наредиш на својот народ да се фрли во морето, тој ќе дигне револуција. Како ќе се однесува еден менаџер зависи од неговата лична перспектива и перцепција на работите, од тоа колку е изграден како личност, дали има визија за развој на својот бизнис, и секако  од неговото домашно воспитување: Колку родителите му засадиле вистински вредности на живеење и работење, како почит, однос со постари и поискусни,трудољубивост, работни навики, бон-тон. Но, без оглед на сѐ ако некој сака неговата компанија на долг рок да се развива, важно е да се почитува себе си, да ги почитува другите и да прифати дека ако некој е поумен може да донесе бенефит за компанијата. На луѓето треба да им се даде слобода и шанса да го кажат своето мислење. Сашо Дуљанов

Можеби ќе ве интересира

Оружје за Украина - пари за САД

Оружје за Украина - пари за САД