20 Декември, 2025
0.0579

Почна испраќањето СМС пораки, 140 илјади родители дознале какви оценки има нивното дете

Објавено во: Мои пари 14 Ноември, 2013 19:16

Добивај вести на Viber

Започна испраќањето СМС пораки до родителите со известување какви оценки имаат нивните деца и какво е нивното поведение. Како што објави министерството за образование, веќе се испратени над 143 илјади пораки, но и мејлови до родителите. Оттаму упатија и апел до оние  родители кои не оставил мобилен телефон или мејл во училиштето, тоа да го сторат што побрзо за да ги добиваат навремено податоците. Министерот Спиро Ристовски истакна дека родителите се задоволни од оваа мерка. „Одлично се одвива целиот процес, СМС-пораки се дистрибуирани до повеќе од 143 илјади броеви, а и известувања по имејл-адреси. Задоволството на родителите е евидентно и до нас стигнуват позитивни информации. Апелирам до родителите кои се уште немаат доставени броеви, а сакаат, тоа да го направат во матичните училишта и внимателно да ги наведат броевите зашто констатиравме и неточни“, забележа Ристовски кој информираше дека министерството отвори нов и-меил , каде родителите ќе може да пријават ако има проблеми. МОН ја воведе услугата СМС-порака преку трите мобилни оператори во понеделникот, а услугата се активира по желба на родителот кој дал број кај класниот раководител. Ристовски денеска информираше и дека претпријатието „Македонски шуми“ вчера доставило два камиона со огревно дрво за греење во двете училишта во Агино Село во Куманово, каде што учениците имаа настава во студени училници.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии