15 Декември, 2025
0.0340

ПОЧНА НЕВРЕМЕТО: Од утринава интензивни врнежи и грмежи

Објавено во: Македонија 18 Ноември, 2025 08:33

Добивај вести на Viber

Под влијание на серија на големи влажни воздушни бранови од запад  и истите се поврзани со циклонски систем со центар над Џенова во нашата Република Македонија до самиот крај од оваа недела следува многу нестабилно време со чести и обилни врнежи од дожд кои локално ќе бидат проследени со појава на грмежи. Сето ова ќе биде проследено и со засилен до повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час). Процесите локално ќе бидат застапени во форма на невреме, објави метеорологот Славчо Попоски.

И во Скопје  и околината до самиот крај од оваа недела времето ќе биде многу нестабилно со чести и обилни врнежи од дожд проследени со повремено засилен до силен ветер од јужен правец а можна е  и појава на грмежи.

На многу места во нашата Македонија ќе наврне големо количество на воден талог (над 50 литри дожд) а локално и над 80 литри дожд. Најмногу врнежи ќе имаме во западните предели каде тие ќе надминат 100 литри дожд а локално тие ќе надминат дури и 150/200 литри дожд до самиот крај од оваа недела. Токму поради ова расте можноста за зголемување на нивоата на реките  и на езерата во нашата Македонија, а исто така можни се  и локални поплавувања. Апелирам граѓаните поради ваквата ситуација да бидат крајно внимателни.

Особено внимателни да бидат возачите  и да не се движат покрај водотеците.

Значително количество на дожд ќе наврне  и во делови од Скопската котлина и тоа ќе надминува 30 литри дожд.

Што се однесува пак до температурите, и тоа поради изразеното јужно воздушно струње тие остануваат без промени во однос на оние температури кои ги имавме изминатите денови и тие ќе бидат натпросечно високи за ноември“, напиша тој.

Фото:Пиксабеј

Можеби ќе ве интересира

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро