18 Мај, 2024
0.0316

Банки, комунални претпријатија, приватни фирми: Почна постапката за отпис на долгови на граѓаните!

Објавено во: Економија 02 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Министерството за финансии го објави Јавниот повик за фирмите кои се јавуваат како доверители за отпис на долговите на граѓаните од социјално ранливите категории. Во рок од пет работни дена, односно до 11 –ти овој месец тие треба да поднесат изјава до Министерството за финансии за склучување договор за еднократен отпис на долговите.
Се повикуваат банките, правните лица кои вршат дистрибуција и снабдување со електрична енергија и оние кои вршат дистрибуција и снабдување со топлинска енегрија, нотарите и извршителите пред кои е поднесено барање за присилна наплата, до Министерството за финансии да достават изјава за интерес за склучување на договор за регулирање на меѓусебните права и обврски за еднократно отпишување на долговите на граѓаните и изјава дека се согласуваат да се откажат од побарувањата поврзани со главниот долг кои настанале по 31.12.2013 година, освен од другите реално направени трошоци (како што се платени судски, нотарски и трошоци за извршување пред суд или извршител, поврзани со главниот долг. Изјавите се доставуваат заклучно со 11 август 2014 година, до писарницата на Министерството за финансии“, стои во Јавниот повик од финансии.
Законот за отпис на долгови беше донесен на почетокот на овој месец. Министерот за финансии Зоран Ставрески, најави дека еднократниот отпис на долговите за социјално ранливите категории граѓани, ќе заврши во октомври годинава. Барањата за отпис на долговите граѓаните ќе ги поднесуваат во центрите за социјална работа во местото на живеење во рок од 30 дена од објавување на повикот од страна на Министерството за финансии, а за прифаќање на барањето ќе одлучува посебна комисија формирана од министерот за труд и социјална политика. На кои граѓани ќе им бидат отпишани долговите? Според законските одредби, предвиден е отпис на  долгови настанати заклучно со 31 декември 2013 година, а по основ на потрошена електрична енергија, топлинска енергија, за кредитни картички, пречекорувања на трансакциски сметки и потрошувачки кредити класифицирани во категорија Г и Д од страна на банките, а кои не се обезбедени, и за радиодифузна такса. За отпишаниот долг доверителите, односно банките, ЕВН, дистрибутерите на топлинска енергија ќе добијат право на даночен кредит во висина на одреден процент на долгот кој нема да биде повеќе од 10 отсто од отпишаниот долг. Од банкарскиот сектор велат дека секоја банка поединечно ќе си пресмета колкаво е нивото на кредитирање. Банкарите велат дека станува збор за нефункционални кредити за кои подолг период има проблеми во наплатата, односно категоријата “Г“ ја сочинуваат кредити кај кои има доцнење во наплатата повеќе од 240 дена, а кај кредитите од “Д“ категорија доцнењето во редовната исплата е повеќе од 300 дена. Од банкарскиот сектор посочуваат дека за да се отпишат овие долгови прво треба да се исполнат условите, односно критериумите за социјалниот статуст на должникот, што ги постави владата. Според првичните информации, во однос на банкарските долгови, како најзасегната категорија на граѓани би биле оние кои земале кредит, но во меѓувреме им се влошила финасиската состојба поради смрт на брачен другар или инвалидност или останале без работа повеќе од една година. Според првичните проценки на креаторот на законот, со ова законско решение ќе бидат опфатени меѓу 50.000 и 100.000 граѓани, но конечната бројка на граѓаните и вкупниот износ за отпис ќе зависи од тоа колку граѓани ќе се пријават и колку од нив ќе ги исполнат условите.
„Ова е еднократно решение, кое е одговор на последиците од кризата врз најранливите категории граѓани кое нема во иднина да се повтори. Меѓутоа, поради акумулираните проблеми поради последиците од светската и европската криза се сметаше за најсоодветно за Македонија“, изјави министерот Ставрески, кога се носеше законот.
Според законските одредби  отписот на долгови важи за три најранливи категории граѓани, односно корисниците на социјална помош и постојана парична помош, невработени лица кои активно бараат работа подолго од 12 месеци и лицата кои се изложени на социјален ризик поради смрт на брачен другар или инвалидност или потешка болест настанати во последните пет години Првичино премиерот Никола Груевски изјави дека оваа мерка ќе чини околу 12 милиони евра буџетски пари. Но кога се носеше законот изјави дека се работи за неколку милиони евра за кои што Владата има план како да ги обезбеди. Дел од економистите ваквата мерка ја оквалификуваа како дискриминаторка и несвојствена за земјите со пазарна економија.
„Економски не сум приврзаник на таквите мерки. Во последно време спектарот на мерки на политичките партии, како што е отпис на долгови е директно мешање во пазарната економија сокривајќи се зад плаштот на социјална политика. Второ ова се интервентни мерки и не е трајна. Јас сум противник на такви мерки, затоа што се дискриминаторски во економска смисла, на ваков начин може да се создаде дисторзија на системот и може да се случи пред било кои избори граѓаните да не ги плаќаат сметките“, изјави неодамна, универзитетскиот професор, Никола Поповски.
Во јуни блокирани над 200 илјадни жиро-сметки Бројот на блокирани жиро сметки на фирми и физички лица, минатиот месец изнесувал вкупно 206.687 сметки, покажуваат податоците од Народната банка на Македонија. Од нив 65.782 се жиро сметки на фирми а останатите 140.905 се на физички лица. Споредено со претходниот месец мај, вкупната бројка е зголемена за 23.808 нови блокирани сметки, а само кај граѓаните бројката е зголемена за 20.574 новоблокирани сметки. Споредено со истиот период лани, пак, бројот на блокирани жиро сметки на граѓани е зголемен за 44.000 нови блокирани сметки. Блокираните жиро-сметки се по основ на извршни решенија за неплатени обврски кон банки или пак долгови меѓу самите фирми, но и долгови кон државата. Сепак најголем дел од блокираните сметки на граѓаните се по основ на неплатени сметки за струја, парно, вода, радиодифузна такса, рати за кредити. Податоците од НБРМ покажуваат дека во јуни е измерен и пораст на салдото на нефункционални кредити. Заклучно со првата половина од годинава нивото на сомнителни и спорни побарувања изнесува 458 милиони евра и во однос на мај е зголемено за 2,5 милиони евра. Ј.С.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра