Добивај вести на Viber
Новата винарија „Стефанс винери”, која е изградена со германски капитал, денеска, во Кавадарци почна со работа.
„Визбата има капацитет од 15 милиони литри вино. Во моментов на располагање е капацитет од 8 милиони литри вино, а интензивно се работи на изградба на целосниот капацитет на винаријата. Досега се инвестирани 3 милиони евра, а во наредниот период продолжува проширувањето на винаријата. Годинава капацитетот ќе се исполни стопроцентно“ - соопштија од новата винарница.
Оттаму информираат дека во првите две години ќе продаваат само наливно вино на европскиот пазар, а пласманот е обезбеден за познати клиенти.