Почнал скромно, а денес има плантажа со црна рибизла од која произведува сок
Објавено во: Агробизнис 19 Ноември, 2018
Драган Христов од Делчево пред повеќе од една деценија засадил неколку грмушки црна рибизла, а денес има мала плантажа од чии плодови произведува сок и го продава.
Вели дека овој вид рибизла не бара многу работа, му носи дополнителни приходи во домот, а првично целта му била да не му стои необработено земјиштето кое го поседува. Задоволен е и сака да направедува со работата во иднина.
„Ние како одгледувачи почнавме да се занимаваме уште пред 15-тина години, но тоа беа неколку корени и ги користевме за нашите потреби во фамилијата. После насадивме на површина од околу еден декар (1000м2) на кои моментално ја одгледуваме рибизлата, исклучиво црна рибизла. Како што кажав имавме неколку корени кои ги одгледувавме за наши домашни потреби за правење на сок и слично, но по еден краток муабет со роднини кој беше во делот за здравата исхрана одлучивме да одгледуваме рибизли во поголем насад и да ги продаваме свежи. Имавме слободна земја на која немаше ништо. Ја обработивме и некаде во март 2012 година ги засадивме рибизлите. Не очекувавме дека ќе произведуваме сок, туку дека ќе ги продаваме по малопродажна цена за дополнителен приход и секако да го искористиме празниот простор земја кој не го обработувавме тогаш“, вели Христов.
Но, откако увиделе дека сета свежа ризбила не може да се продаде, почнале со производство на сок.
„Продажбата на свежите не одеше добро бидејќи сите купуваа по еден или два килограми, па почнавме да ги замразнуваме што исто така беше проблем затоа што потоа замрзнати никој не ги сакаше. Тогаш дојдовме до идеја да правиме сок и да го продаваме како сок џус и сок за растварање (сируп). Во подем е здравата храна, гледам во Скопје и во другите поголеми градови дека се организираат пазари за здрава органска храна, и во продавниците прават посебни рафтови со здрава храна. Но, за сите тие работи требаат сертификати кои не се лесни за добивање, а и секако многу чинат. Имам побарување за производите, но ги немам сертификатите и потеклото кои ми го бараат па затоа продавам литар по литар кој ќе побара. Единствена реклама сега за сега ми е Фан страната на Фејсбук „Домашен сок од црна рибизла", преку која огласувам и продавам. Во иднина ќе барам и друг начин за да ја зголемам продажбата. Гледам дека кај нас има интерес за здрава храна, но поради малата потрошувачка кошница на граганите, сѐ помалку се оделуваат пари за здрава храна“, додава Христов.
Раскажува дека во Малешевијата има насади со рибизла, а таа не бара некои посебни мерки, освен наводнување и прскање за заштита од болести. Други агротехнички мерки скоро и да не применува.
„Јас кај мене не користам средства за прскање. Користам некои конвенционални мерки што се користеле одамна кога немало препарати и со тоа го одржувам плодот чист и здрав без хемиски елементи кои му штетат на човекот“, вели Христов.
Додава дека заработката од рибизлите не е голема, но доаѓа како бонус за покривање на трошоците во домаќинството.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.