19 Мај, 2024
0.0285

Почнува преместувањето на спомениците од контроверзниот проект „Скопје 2014“-Ќосето прв ќе се „сели“

Објавено во: Македонија 04 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Новата  влада започнува со физичко отстранување на дел од спомениците од Проектот „Скопје 2014“. 

Првиот споменик кој ќе биде преместен, е на Андон Јанев-Ќосето, кој беше подигнат пред Судската палата во главниот град, соопшти премиерот Зоран Заев. 

Тој наведе дека "сето тоа ќе биде потврдено во рамките на овој проект, вклучувајќи ги и средствата потрошени за изградба на спомениците". "Ако победиме на локалните избори во Скопје, централната влада ќе соработува со локалното население во откривањето на вистината за овој контроверзен проект", рече Зоран Заев. 

Премиерот откри дека "комитетот во Министерството за култура, кој го испитува Скопје 2014, заврши со својот прв извештај". 

Проектот Скопје 2014 започна под власта на поранешниот премиер Никола Груевски. 

Овој проект целосно го смени центарот на Скопје. Малиот плоштад во главниот град е  полн со споменици на херои од антиката. 

Во 2011 година таму беше поставен огромен споменик на  Александар Македонски. Скулптурата е висока 13 метри, а самиот 10-метарски постамент чини над 10 милиони евра. 

Околу него има уште десетици други споменици - почнувајќи од таткото на Александар и се минува покрај Мајка Тереза, цар Самоил, Гоце Делчев, партизански ликови и се доаѓа до пливачи и бродови во реката Вардар. 

Неколку нови мостови беа изградени над реката, каде што има и десетици споменици. 

Проектот, исто така, вклучуваше огромно "Панорамско тркало" за повеќе од 15 милиони евра. Сите фасади во центарот се претворија во барок. 

Зградата на владата, исто така, е изменета во барок. Според различните пресметки, Скопје 2014 чини околу 700-800 милиони евра на македонскиот даночен обврзник. 

Заедно со поставување на овие стотици споменици во сите градови на земјата режимот на Груевски почна напорно да пропагира "Античките корени" на населението.

Можеби ќе ве интересира

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри