ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА СОНЦЕ: До крајот на неделата ни претстои убаво време
Објавено во: Македонија 13 Ноември, 2025 06:00
Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) кој се наоѓа над нашиот дел од Европскиот Континент до крајот на неделава времето во нашата Македонија ќе биде саончево и стабилно со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец а наутро по котлините ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност, вели метеорологот Славчо Попоски.
„Наутро ќе биде ладно со минимални температури кои на многу места ќе се спуштаат близу нула степени, а особено во Беровскиот регион како и на планинските места температурата наутро ќе се спушта под нулата па така ќе има појава на утрински мраз и на слана. Максималните дневни температури кај нас на многу места ќе се искачуваат до околу 15 степени а на повеќе места тие ќе надминуваат и 15 степени, вклучувајќи го и Скопје и околината каде наутро ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност.
Наутро во Скопје и околината пак температурата ќе се спушта близу 0 степени“, објави тој.
Можеби ќе ве интересира
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро




