Добивај вести на Viber
Неодамнешниот директор на Управата за заштита на културно наследство Паско Кузман, но и за 15 -мината обвинети во случајот „Фаланга 2“е подигнато обвинение. Обвинителството за организиран криминал го сомничи Кузман дека нелегално, надвор од процедурите давал дозволи за ископување на археолошки локалитети заедно со група вработени во Управата на две локации, во Катлановско и Делчевско.
Според неговиот адвокат Александар Новаковски, нема елементи неговиот клиент да биде кривично гонет, па затоа ќе поднесе приговор. Минатата недела адвокатот поднел гаранција во имот и тоа семејната кука во Охрид и ниви, за неговиот клиент да биде пуштен да се брани од слобода.
Другите обвинети се товарат за нелегални ископувања и присвојување и продавање на вредни артефакти. Судењето се очекува да започне во септември.
Паско Кузман важеше за значајна фигура во партијата ВМРО ДПМНЕ и оттаму беше шокот во јавноста за неговото притворање. Тој се смета за еден од творците на т.н „антиквизација“ односно тезата дека современите Македонци имаат античко потекло. Кузман лично го надгледуваше поставувањето на античките фигури од Стоби пред зградата на Владата, го украси предворјето на Владата со археолошки предмети, а имаше идеја на куполите што ќе го красат македонското Собрание да изгрева сонце, а приземјето на зградата да биде со стаклен под за да под него се постави археолошка изложба.