16 Мај, 2024
0.0325

Подизведувачите на АКТОР во Македонија под истрага на ОЛАФ

Објавено во: Македонија 09 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Истрага за грчката градежна компанија осомничена за перење пари и злоупотреба на европски фондови нема да застане, па под лупа ќе бидат и подизведувачите кои се ангажирани на изградбата на автопатот Демир Капија- Смоквица– велат за ТВ 24 од Европската агенција за борба против корупција (ОЛАф). Наодите за кривични дела против Актор и подизведувачите, од ОЛАФ ги доставиле до службите за прогон во матичните земји на тие компании.

„Истрагата беше финализирана во септември 2016 година, а надоите на ОЛАФ им беа пренесени на националните служби за прогон, вклучувајќи го грчкиот антикорупциски обвинител. Сега во тек е истрагата на национално ниво и не можеме да Ви откриеме повеќе детали“ – велат од ОЛАФ.

Меѓутоа од македонското обвинителство не ни одговорија дали тие се известени дека во истрагата се опфатени и дел од подизведувачите. Оттаму вчера посочија дека добиле само известување за индиции за кривични дела против АКТОР, но не и резултатите од истрагата.

„Известени сме само дека истрагата е завршена и дека постојат индиции за сторени кривични дела.  Резултатите од истрагата се доставени до надлежните органи во Грција, но не и во Македонија.“

За автопатот Демир Капија-Смоквица, грчки АКТОР, според наши извори, ангажирал околу шест компании како подизведувачи. Геобруг, од Швајцарија, Маркопулос од Грција, ДАС од Охрид, Епнос, Факом и Хиконс од Скопје - ова се дел од компаниите – подизведувачи вклучени во проектот. Во телефонски разговор, за ТВ24, од фирмата ДАС велат дека воопшто не се запознаени со обвинението во Грција против АКТОР, додека пак од Факом велат дека биле ангажирани за изградба на мост од 200 тони, но се уште не добиле дел од парите.

Во Македонија, грчката компанија го доби тендерот вреден 280 милиони евра, а се очекуваше автопатот долг 28 километри да биде завршен до крајот на минатата година.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски

ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Се појави фотографија од Палчо во авионот

ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Се појави фотографија од Палчо во авионот

ПАЛЕВСКИ СТАПНА НА МАКЕДОНСКО ТЛО: Ќе биде транспортиран во Шутка

ПАЛЕВСКИ СТАПНА НА МАКЕДОНСКО ТЛО: Ќе биде транспортиран во Шутка

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното