Подмладоци на 22 партии се обврзаа за фер избори
Објавено во: Македонија 15 Ноември, 2016 17:02
22 подмладоци на политички партии денеска потпишаа декларација за слободни, фер и демократски избори.
Ова се прави во пресрет на изборите кои ќе се одржат на 11 декември.
Подмладоците на политичките партии се обврзуваат дека ќе се заложат за одржување фер и демократски избори и дека нема да ги заплашуваат граѓаните да го дадат својот глас за одредена партија. Ќе влијаат за подобрување на демократската клима во изборниот процес, за јавна осуда на секаков чин на насилство, како и за необјавување клевети, навреди и манипулации.
Од подмладоците се обврзуваат за намалување на говорот на омраза, ветуваат ќе практикуваат чесна и фер медиумска кампања и нема да го отстрануваат пропагандниот материјал на другите партии.
Билјана Јанева, извршен директор на Институт за економски стратегии и меѓународни односи „Охрид“, кој е и организатор на потпишувањето на декларацијата, истакна дека нејзината важност се темели, пред сè, на фактот дека младите политичари се сè погласни во партијата и во општеството. Смета дека нивниот глас сè повеќе се слуша.
Младите лидери по втор пат потпишуваат ваква декларација, а првпат тоа го сторија во 2014 година.
Можеби ќе ве интересира
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти




