19 Мај, 2024
0.0416

Финансиски резултати за првиот квартал од 2019

Подобрена профитабилноста на ОКТА

Објавено во: Мои пари 14 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

ОКТА ја започна 2019 година со значително подобрена профитабилност. Клучен двигател е позитивниот ефект од залихите генериран преку нагорниот тренд на меѓународните цени на горивото, комбинирани со оптимизацијата на трошоците. 

Приходите од продажба достигнаа 5,613 милиони денари, споредено со 5,208 милиони денари во истиот период минатата година, како резултат на зголемените продажни количини и повисоките меѓународни цени на горивото. Бруто маржата бележи нагорен тренд и изнесува 232 милиони денари, надминувајќи ја маржата од 185 милиони денари од истиот период минатата година, главно поради споменатите позитивни придвижувања. Добивката пред оданочување во првиот квартал од 2019 година достигна 29 милиони денари, споредено со загубата пред оданочување од 41 милиони денари забележана во истиот период минатата година. Подобрувањата се поттикнати од позитивниот ефект од залихите во износ од 41,6 милиони денари и како резултат на повисоките меѓународни цени на горивото во текот на првиот квартал од 2019 година, споредено со негативниот ефект од залихите во износ од 17,2 милиони денари забележан во истиот период минатата година, којшто беше резултат на надолниот тренд на меѓународните цени на горивото.

Ликвидноста на компанијата, како резултат на промените во структурата и динамиката на плаќања, остана на рекордно високо ниво, кое ѝ обезбеди на компанијата непречено да ги извршува своите оперативни активности, без притоа да ги употреби кредитните линии кои ги има на располагање. 

Во текот на првиот квартал од 2019 година, ОКТА продолжи со реализација на редовните активности во делот на општествената одговорност. Во месец февруари се одржа традиционална крводарителска акција на која учествуваа голем број вработени. И оваа година, ОКТА ќе посвети големо внимание на кампањата за безбедност во сообраќајот „Јас внимавам“ која се реализира трета година по ред. ОКТА, преку својата практикантска програма, останува да биде силен поддржувач на образованието и на развојот на новите генерации во државата. 

ОКТА ќе продолжи да се движи напред преку искористување на можностите за натамошно подобрување на деловните резултати и зголемување на оперативната ефикасност.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО