ПОГЛЕДНЕТЕ КАДЕ ЌЕ СЕ ЧУВААТ ВАКЦИНИТЕ ПРОТИВ КОВИД: Се чекаат фрижидерите до -70 степени
Објавено во: Македонија 13 Декември, 2020
Операторите, кој денеска ги посети министерот за здравство, Венко Филипле, во своите постоечки капацитети имаат комори и ладни соби од 0 до 8 степени целзиусови, како и фрижидери до -20 степени целзиусови, како и возила со ладилници како би го запазиле „ладниот синџир“ при дистрбуција на вакцините.
-Дополнително Министерството за здравство операторите ќе ги снабди со фрижидери до - 70 степени целзиусови кои во земјава ќе пристигнат кон средината на јануари, соопштија денеска од МЗ.
Во продолжение погледнете ја фотогалеријата кеде ќе се чуваат вакцините против корона вирусот кои во Македонија треба да пристигнат во март.