15 Ноември, 2024
0.0271

ПОЛАРНА ЕКСПЛОЗИЈА ЌЕ ГО ЗАФАТИ БАЛКАНОТ: Метеоролозите едногласни, максималната температура ќе е -5!

Објавено во: Македонија 15 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Метеорологот Славчо Попоски но и метеорологот Борис Секирарски, предупредуваат на голем студ кој ни доаѓа од 20-ти ноември па во деновите потоа.

Според Попоски, „прогностичките модели се веќе усогласени, да причекаме уште ден до два и веќе ќе биде официјално, а тоа е дека од 20 Ноември, па во деновите потоа Поларна Експлозија ќе го зафати Балканскиот Полуостров. Покрај значителното количество на снег, ќе имаме и екстремно ниски температури на воздухот, како наутро, така и преку ден, а наутро и во ноќните часови на многу места тие ќе се спуштаат под -10 степени, на повеќе места и до околу -15 степени, додека во планинските места дури и до -20 степени. Чекаме што ќе се случува понатаму на прогностичките модели, секако, се работи за многу занимлива временска ситуација“, напиша тој.

Секирарски пак предупредува дека лоша вест е тоа што доаѓа уште поголем студ.

ЕДНА ДОБРА И ЕДНА ЛОША ВЕСТ

...и сега која првата да ја споменам?

Еве ајде добрата. До кај 20-ти ќе се поправат температурите.

А лошата! Иде поголем студ. Накај 25 од месецов, до нас ќе дојде толку студен воздух, што средната дневна ќе е дури околу -5°C.

А тоа значи дека во ниту еден час од тоа деноноќие нема да има температура барем и малку над нула!

Е да! Добро е што ова е доста далеку напред, па можеби ќе се промени.“, напиша тој.



Можеби ќе ве интересира

ОБИЛНИ СНЕЖНИ ВРНЕЖИ НА СТРАЖА: Попоски предупредува

ОБИЛНИ СНЕЖНИ ВРНЕЖИ НА СТРАЖА: Попоски предупредува

Вива продолжува со сопствена преработка на овошје, во тек е откупот на јаболка

Вива продолжува со сопствена преработка на овошје, во тек е откупот на јаболка

СДСМ „ЗНАЕ“ ОД КАДЕ Е НЕРВОЗАТА НА СТОЈАНОВСКИ: Се огласи опозицијата за инцидентот меѓу пратениците

СДСМ „ЗНАЕ“ ОД КАДЕ Е НЕРВОЗАТА НА СТОЈАНОВСКИ: Се огласи опозицијата за инцидентот меѓу пратениците

ИМААТ ПОТРЕБА ОД ПСИХОЛОГ, АМА СЕ СТЕГААТ ПОРАДИ ФИНАНСИИ: Уште еден фактор влијае за тоа дали луѓето ќе побараат стручна помош

ИМААТ ПОТРЕБА ОД ПСИХОЛОГ, АМА СЕ СТЕГААТ ПОРАДИ ФИНАНСИИ: Уште еден фактор влијае за тоа дали луѓето ќе побараат стручна помош

СЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА ЗИМСКАТА ОПРЕМА НА ВОЗИЛАТА: Еве што никако не смеете да правите

СЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА ЗИМСКАТА ОПРЕМА НА ВОЗИЛАТА: Еве што никако не смеете да правите

ЗА МАЛКУ СЕ ИСТЕПАА: На Битиќи му пукна филмот, Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ го испровоцира, тој му се пушти среде расправа во собрание

ЗА МАЛКУ СЕ ИСТЕПАА: На Битиќи му пукна филмот, Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ го испровоцира, тој му се пушти среде расправа во собрание

ОД СЛЕПИЛО ДО АМПУТАЦИИ ПОРАДИ ЖИВОТ СО ДИЈАБЕТЕС: Пациентите бараат пристап до иновативна антидијабетна терапија

ОД СЛЕПИЛО ДО АМПУТАЦИИ ПОРАДИ ЖИВОТ СО ДИЈАБЕТЕС: Пациентите бараат пристап до иновативна антидијабетна терапија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Штекли го преживеа и третиот обид за негова ликвидација

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Штекли го преживеа и третиот обид за негова ликвидација

Царина: На Блаце се шверцуваат поштенски пратки

Царина: На Блаце се шверцуваат поштенски пратки