20 Мај, 2024
0.0389

Полицаец фатен како бара и прима поткуп за да не напише сообраќајна казна

Објавено во: Македонија 26 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против И.Т., полициски службеник во Полициско одделение Ранковце, СВР Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“, казниво по член 357 став 1 од Кривичниот законик.

Пријавениот, за време на вршење службена дејност, на возач на патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки побарал и примил поткуп за да не изврши службено дејствие, односно за да не изготви записник за констатиран прекршок и налог за плаќање на глоба за сторен прекршок од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

„По пријавување на случајот во Одделот за внатрешна контрола, И.Т. бил лишен од слобода и поднесена е кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција., а по извршениот распит судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена. Одделот за внатрешна контрола, исто така, против полицискиот службеник ќе поведе постапка пред надлежната комисија за утврдување на дисциплинска одговорност“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража