Полицијата го пронајде и го приведе родителот што нападна доктор
Објавено во: Македонија 21 Септември, 2020
Триесет и двегодишен маж, татко на малолетно дете е напаѓачот кој вчера попладнето физички нападна доктор на Токсикологија. Тој вечерта беше приведен и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Станува збор за лицето С.И.
Тој отишол со своето дете на Токсикологија, но докторот го препратил на педијатрија каде имало дежурен лекар. Оваа негова препорака го испровоцирала таткото кој веднаш потоа го нападнал докторот. Тој со повреди завршил на Ургентен.
Според информациите докторот имал повреди во вид на ресекотини на главата и површен хематом. По укажаната помош бил пуштен на домашно лекување.