26 Април, 2024
0.0284

Полицијата жестоко ги растера демонстрантите на кои Ердоган им вети средба!

Објавено во: Балкан 11 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Неколку стотици специјалци доведени со дваесет автобуси, утрово влегоа во плоштадот Таксим во Истанбул, и со употреба на водени топови и солзавец ги растераат демонстрантите. Слична акција беше спроведена синоќа во Анкара, каде што полицијата употреби солзавец и испука гумени куршуми принудувајќи ги демонстрантите да се повлечат.

Неколку активисти одговорија со огномет и камења на полицијата која возврати со водени топови.

Градоначалникот на Истанбул, Хусеин Авни Мутлу, меѓутоа, изјави дека целта на операцијата е да се симнат плакатите од културниот центар Ататурк и од споменикот на Ататурк на плоштадот. Отстраните се и транспаренти кои висеа од една зграда со поглед на централниот истанбулски плоштад, на нивно место е поставено турското знаме и знамето со ликот на Мустафа Кемал Ататурк. Во текот на ноќта, турската полиција употреби солзавец во Анкара за да ги растера стотиците демонстранти, кои демонстрираат веќе 12 дена против владата на премиерот Реџеп Тајип Ердоган. Последниот потег од страна на турската полиција дојде откако премиерот Ердоган се согласи дека ќе се сретне со организаторите на протестите кои почнаа на 31 мај.

Во понеделникот турскиот вицепремиер Булен Аринч изјави дека премиерот закажал состанок со некои групи коишто ги организираат овие протести и дека ќе се сретне со нив во среда, а со другите некој следен пат, непрецизирајќи со кого Ердоган ќе се сретне. Во анти-владините демонстрации во Истанбул, Анкара како и други турски градови загинаа три лица, а беа повредени околу 5.000.

Она што започна како владин протест против уривањето на паркот Гези во близина на историскиот истанбулски плоштад Таксим поради реконструкција на плоштадот на кој требаше да биде урнат културниот центар во спомен на основачот на современа Турција Мустафа Кемал Ататурк и да биде изграден деловно-станбен комплекс, наводно опера и џамија, се претворија во досега незапаметено искажување на спротиставување на актуелната власт во Турција.

Демонстрантите кои излегоа и на улиците на другите поголеми турски градови сметаат дека авторитарната власт на Ердоган и неговата владејачка „Партија на правдата и развојот “спроведува исламизација на земјата и ги гуши човековите слободи.

Можеби ќе ве интересира

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)