Добивај вести на Viber
Полицијата во рамки на операцијата „Европа 2013“ под водство на Интерпол, откри повеќе возила на македонските улици за кои се смета дека биле украдени, главно од западноевропските држави. При контрола 1.396 моторни возила, утврдени се проблеми кај осум возила, каде посебен акцент бил ставен на возила од германско потекло (Volkswagen, AUDI, BMW, Mercedes) со поголема вредност и понови модели. Се проверувала поврзаност на возилата во криминални со криумчарење и недозволена трговија на украдени возила, возила предмет на осигурителни, лизинг и други финансиски измами, како и моторцикли од поголема материјална вредност.
„Во операцијата регистрирани се вкупно четири неправилности, односно три погодоци при извршени проверки во АСФ базата на регистрирани крадени возила на Интерпол каде возилата се пријавени за крадени од Германија, Италија, Словачка, и еден погодок на крадено возило, кое било внесено во националната база на Швајцарија, а по завршување на операцијата и во АСФ“, стои во сооштението.
Неправилности има кај вкупно осум возила: Hummer X2, сопственост на македонски државјанин, каде e утврдено фалсификат на ВИН бројот, а возилото евидира во АСФ базата за украдено возило во Германија, BMW 320D, кое евидира во АСФ базата за украдено возило во Италија, Volkaswagen Passat управуван од македонски државјанин кај кој е утврдено фалсификат на ВИН бројот и возилото евидира во АСФ базата за украдено возило во Словачка, Volkswagen Passat, кое евидира во националната база на Шварцарија за украдено возило, а внесено е во базата на крадени возила на Интрепол по завршување на операцијата.
Неправилност е откриена кај Golf управуван до српски државјанин, утврдено e фалсификат на ВИН бројот, Golf управуван од бугарски државјанин кај кој е утврдено фалсификат на ВИН бројот и кај BMW 530D, сопственост на македонски државјанин, утврден е фалсификат на ВИН бројот.
Возилата се одземени и ќе бидат извршени дополнителни проверки, а против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.