26 Април, 2024
0.0330

Полигон стои на делницата: Премиерот очекува автопатот до Блаце да е готов за две и пол години

Објавено во: Македонија 23 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

За две и пол години треба да биде готов автопатот Скопје - Приштина кој всушност треба да почне да се гради од следната година. Ова беше кажано на заедничката прес конференција на премиерите на Македонија Зоран Заев и на Косово Авдулах Хоти. Косовскиот премиер е во официјална посета на Скопје. Автопатот се смета за стратешко прашање, а преку него ќе се стастува од Скопје до Приштина за 45 минути.

ПЗаев рече дека за првата делница од околу 2 километри е завршен тендерот. Сепак за втората делница уште траа експропријационите односи каде треба да се реши и поранешниот полигон со Генералштабот кој стои на таа делница. 

„Во моментот се решаваат и оние 600 метри меѓуграничен премин како да влезат внатре покриени преку ИПА-компонентата. Ако сите овие работи ги завршиме до крајот на годината, верувам дека во првото тромесечје од 2021 ќе се стартува со комплетна реализација на ова автопатско решение. По проектните документации на Европската банка за обнова и развој, за тоа е предвидено 3 до 4 години, јас верувам дека ќе биде за 2,5 години, може да се стигне. Затоа што е 21 век, има современи и добри механизации имајќи во предвид дека доста време се изгуби на други прашања како што е експропријацијата“, рече Заев и меѓудругото додаде дека се разговарало и за поврзување на Тетово и Призрен.

Инаку првите два километри треба да ги гради Гранит, а временскиот период на договорот е 42 месеци. Вредноста на склучениот договор со вклучен ДДВ е 881.742.867 денари или околу 14,3 милиони евра. Делницата од граничниот премин „Блаце“ до селото Блаце е дел од коридорот 10 кој треба да се комплетира до Скопје.

Инаку за автопатот  Скопје –  Блаце долг 12,5 километри  обезбедени се 120 милиони евра,  70 се кредит, 27 грант, а остатокот  државни пари.


Можеби ќе ве интересира

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“