06 Декември, 2025
0.1825

Политичка проституција

Објавено во: Колумни 18 Април, 2015 09:52

Добивај вести на Viber

Љубовта некои ја продаваат за пари, други на сопственото тело , нежно и стројно, му ја одредуваат цената, за час, за ден, за недела, и дозволуваат сечии раце да го милуваат, усните нечии чинат 1000, 2000 или со повеќе нули, страста и избликот на еротика за некои се само парчиња хартија на кои се испишани бројки, сексуалното уживање за некои е само миг или дел од секундата, чин кој го практицираат катадневно но не со првичен мотив сладострастие и убост, ниту пак задоволство, туку момент кој со самото завршување ќе им донесе материјална бенефит. Сите овие сентенци, мигови на продавање и купување на љубов, еротика, секс, уживање и милување, кога се проследени со паричен надомест или материјална корист, кога првичниот импулс за нивно дејание е валутата или некоја друга добивка, парфем, патување или кое и да било поклонче, во патологијата се нарекува проституција. Пластично и просто кажано, без околисување, но со претходно фино поимање и појаснување, секој чин на сексуална игра и љубов во кои посредува парична добивка се подведува под поимот проституција. Но нејсе, да не навлегуваме во детално поимање на проституцијата, она што е мој лајт мотив за оваа појава е посебниот нејзин облик а тоа е политичката проституција. Политичката проституција би се сфатила како продавање на идеолошкиот дискурс за материјална добивка и тоа на различни политички сегменти Политичката проституција е посебно актуелна во транзициониот период, а на неа не одолеа ни нашата ни мила државичка. Можеби е малку зачудувачко, посебно во земја со 2 милиони граѓани, да вирее, опстојува и се развива еден посебен облик на општествена девијација каква што е политичката проституција. Ајде сега да се обидеме најпрво да ја дефинираме, нели како што доликува кога се коментира одреден социолошки феномен, а потоа и да видиме колкава е нејзината зачестеност и какви импликации може таа да донесе. Во буквална смисла политичката проституција би се сфатила како продавање на идеолошкиот дискурс за материјална добивка и тоа на различни политички сегменти. Секако дека може и сексуалниот дискурс тука да се пронајде бидејќи не ретко сме имале со згаснување на одреден политички субјект или отстранување на политичар од политичката арена, самоволно или присилно, да своите сексуално-конкубински вештини политичките анимир дами ги искористат за сопствено ново политичко место под сонцето. Е во такви случаи велиме дека тие се политички сексуални вештерки, но не оние што летаат на метла, туку своите вештини умешно ги вткјуваат во своето политичко портфолио, виејќи со телото и со сладострастие на некој нов политичар-актуелен во одреден миг. И на нив сме навикнати и ги препознаваме, некогаш со нив се подбиваме, а некогаш и им заблазнуваме, така тајно, за нивната вештина во впикувањето во политичката игра, на ним својствен начин. Ах бре политички проститутки, до кога ќе ни ја кроите државичката Но деновиве посебно е актуелен еден посебен под вид на политичка проституција, а која сама си ја крстив национал-шовинистичко-барокна. Можеби сулудо ви звучи, но чуму е науката и научната елита ако од нејзиниот ум не се изнедри нов научен поим. Гледаме, слушаме, се фрапираме, мозгаме, мислиме, се чудиме и дочудуваме, критикуваме, но најмалку можеме да сфатиме-што е тоа во луѓето што ги тера на политичка неконзистентност, што е тоа што ги поттикнува и сопствените цврсти политички тези да ги проголтаат и да нудат одредени, би рекла сулуди решенија, кој е тој порив кој ги тера да говорат и да се расфрлаат со зборови во кои и самите не веруваат и што е посилно од човековото достоинство, кое самите се спремни да го згазат. Едно и единетвено можно решение, а тоа е материјална добивка или како што кумановци викаат – пара врти где бургија неќе.... Е зошто сега политичка проституција е затоа што идеолошката матрица е закопана длабоко и веќе не е вредна, зошто критиките и навредите кон политичкиот неистомисленик се веќе минато и заборавено време, продавањето на сопствената идеологија и ставањето на себе си во функција на некој друг, кој има право да те искористи на секаков можен начин е еклатантен пример за политичка проституција. Имаме став и идеологија која се нуди, се дава цена и оп-продадено, како на аукција, а претходното..пупу не важи...Ах бре политички проститутки, до кога ќе ни ја кроите државичката, до кога ќе го узбуркувате и така заматеното тло на нашата ни мирна државичка, до кога? Јас само едно ќе порачам на секоја проститутка и мине цената, а кога ќе се запусти, се знае каде завршува...и да живеевме во виртуелен свет убаво ќе беше да има едно копче кое се вика ДЕЛЕТЕ или делит.... П.С. Молкот на признати и познати политички мудреци не можам да го сврстам во политичка проституција, но можам во политичка изолација која не е ништо подобра од првата....за државата се работи нели... Д - р Татјана Стојаноска Иванова Институт за социологија Филозофски факултет - Скопје

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Зеленски „под контрола“!

Зеленски „под контрола“!

Топ 10 лекови во светски рамки – и каде е Македонија во овој поглед?

Топ 10 лекови во светски рамки – и каде е Македонија во овој поглед?