20 Декември, 2025
0.0853

Полицајци и борци на „Исламска држава“ загинаа во престрелка во Турција

Објавено во: Балкан 26 Октомври, 2015 11:26

Добивај вести на Viber

Двајца полицајци и неколку борци на групата „Исламска држава“ биле убиени за време на престрелка, откако властите спровеле акции во неколку куќи во турскиот град Дијарбекир.

Агенција „АФП“ наведува дека загинатите исламисти се петмина, додека според агенцијата „Ројтерс“ станува збор за седум лица. И двете агенции се повикуваат на извори од полицијата.

Според нив престрелката продолжува и во овој момент, бидејќи властите се загрижени дека е можно во регионот да се наоѓаат и други исламисти.

Ова е прва ваква престрелка помеѓу членови на групата и властите на територијата на Турција. Во јули Анкара започна воздушни напади против „Исламска држава“ во Сирија.

Според изворите полицијата спровела рации во неколку куќи во област во Дијарбекир, каде се смета дека се криеле борци на групата пред почетокот на престрелката. Повредени се четворица други полицајци.

Турските медиуми јавуваат дека во изминатите денови била спроведена голема полициска акција за апсење на учесниците во наводна терористичка ќелија на „Исламска држава“. Групата подготвувала големи терористички напади како и киднапирање на авион и детонација на бомби во населени места.

Турските власти го проширија опфатот на операциите против осомничени милитанти на „Исламска држава“ по двојниот самоубиствен напад во Анкара, во кој загинаа повеќе од 100 луѓе. Тоа е и најлошиот таков напад во современата турска историја.

Минатата недела претседателот Реџеп Ердоган изјавил дека сириското разузнавање и курдски бунтовници, не само „Исламска држава“, стојат зад нападот што се случил за време на процесијата на прокурдските групи.

Ердоган изјавил дека Курдската работничка партија, сириските тајни служби и организацијата на сириските Курди работеле заедно со „Исламска држава“ за спроведувањето на нападите од 10-ти октомври.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација