18 Мај, 2024
0.0284

Половина милион евра за плати во Регулаторната комисија за енергетика

Објавено во: Економија 29 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Регулаторната комисија за енергетика, минатата година потрошила 501 илјади евра за плати за вработените. Во ова регулаторно тело, според последните податоци од годишниот извештај има вкупно 28 вработени, од кои 5 се членови на комисијата, а останатите се вработени во секторите. „Ако се направи пресметка,  тоа значи дека во просек, секој од вработените годишно примил по 17.892 евра, односно месечната плата била по 1.491 евро“. Дополнително, Регулаторната комисија за енергетика потрошила ууште 29 илјади евра за авторски хонорари и уште 50 илјади евра за дневници и службени патувања. А, регулаторите на енергетскиот сектор, лани потрошиле и 42 илјади евра за поштенски, телефонски услуги и интернет. Но, освен тоа, во годишниот извештај за работата на регулаторната комисија за енергетика за  минатата година стои дека се одвоени 247 илјади евра за новата барокна административна зграда што се гради, а во која треба да бидат сместени дел од регулаторините тела во земјава и уште неколку други институиции „Регулаторната комисија за енергетика во текот на 2013 година искористи дел од дополнителните средства во износ од 15.188.872 денари врз основа на изработен предлог проект за изградба на административната зграда (работни простории) за потребите на Регулаторната комисија за енергетика, во соинвеститорство со други државни институции и регулаторни тела“, е наведено во годишниот извештај за работата на ова регулаторно тело. Според досегашните информации, новата барокна администартивна зграда што се гради спроти хотелот Бристол во центарот на Скопје, чини околу 15 милиони евра. Лани вкупните приходи на Регулаторната комисија за енергетика изнесувале 882 илјади евра (54.242.470 денари). При тоа потрошените финансиски средства за работење на Регулаторната комисија за енергетика во 2013 година изнесуваат 54.242.470 денари i се за 15,33% помали од сумата што била планирана да се потроши, се наведува  во појаснувањето на финансиските резултати на РКЕ. Инаку, Регулаторната комисија за енергетика се финансира од сопствени извори на средства преку наплата на годишен надоместок од вкупниот приход од носителите на лиценци за вршење на енергетска дејност и преку наплата на надоместок за издавање на лиценци. „Надоместокот од вкупниот приход од носителите на лиценци за вршење на енергетска дејност за 2013 година е утврден со Одлука од страна на Собранието на Република Македонија и тој процент на зафаќање за 2013 година е 0,037% од вкупниот приход“, стои во појаснувањето на годишниот извештај за работата на Регулаторната комисија за енергтика. Но, дополнителни финансии доаѓаат и од еднократна наплата на паричен надоместок за трошоците направени во постапката за издавање на лиценци за вршење енергетски дејности, а кој надоместок изнесува 500 евра. Н.С.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра