20 Декември, 2025
0.0760

Умешноста на Полска – како до големи пари

Објавено во: Свет 14 Април, 2013 14:30

Добивај вести на Viber

Многу податоци стојат зад феноменот дека Полска е единствената членка на ЕУ која целосно ја избегна рецесијата. Таа пост-комунистичка земја од европските партнери добила најмногу финансиски средства, според Ал Џезира. Првиот советник во Министерството за регионален развој на Полска, Пјотр Попа, открива како таа институција, која воедно е една од најзначајните во Полска, од Европската унија добила најмногу пари. -Од пристапувањето кон Европската унија, добивме 80 милијарди евра. Во рамки на буџетот следната година ќе добиеме 73 милијарди евра”, вели Попа. Поголемиот дел од парите ги вложиле во инфраструктурата. Биле изградени и сеуште се градат патишта, мостови и железнички пруги. Мал дел од средствата е искористен за образовни и културни проекти. Како до толку многу пари, Попа објаснува во една реченица. -Ефикасни институции, компетентни луѓе, и што е многу важно, ефикасна администрација.” Едноставно кажано, европските партнери на Полска секоја година и поклонуваат уште еден државент буџет. -Колку е важно метрото за Варшава е јасно кога знаеме дека повеќе од половина милион луѓе секој ден го користат овој вид на транспорт. Кога ќе ја пуштиме во употреба втората линија во 2014 година, ќе добиеме уште 300 илјади корисници. Кога станува збор за првата метро линија, околу 60 проценти од трошоците ги покри Европската унија, додека во финансирањето на втората линија подеднакво е вклучен и градот Варшава”, изјавија од варшавското Метро. Градот отиде чекор понапред кога станува збор за комуникацијата. На раскрсницата што ги поврзува трамвајот, автобусите и метрото, изграден е паркинг за велосипеди. Системот е едноставен. На веб страницата плаќате 2.5 евра и можете да се возите цел ден. На граѓаните на Варшава им се допадна таа идеја. Досега во Варшава се изградени 370 километри велосипедски патеки. Во 2016 година таа километража ќе биде речиси триплирана. Интересно е тоа што овој проект не е финансиран од Европската Унија, туку само од градот. Според тоа, пораката на европските партнери може да биде: дајте ни даде пари, а ќе видите дека и без тоа ќе одиме по патот кој ни го покажавте, заклучи репортерот од Ал Џезира.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја