26 Април, 2024
0.0295

Помеѓу 83 и 94 отсто од ранливите ромски семејства на Западен Балкан се материјално обесправени

Објавено во: Балкан 11 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Податоците покажуваат сериозна материјална обесправеност кај 83-94 проценти од ранливите ромски семејства во целиот регион на Западен Балкан (ЗБ), соопшти Регионалниот совет за соработка (РСС).

Потсетувајќи на минатонеделната Декларација за интеграција на Ромите усвоена на самитот на ЗБ во Познањ, а на иницијатива на Република Северна Македонија, РСС предупредува дека таа декларација не смее да остане само парче хартија.

РСС наведува дека „најновите извештаи покажуваат дека бројот на девојчиња и момчиња Роми кои посетуваат задолжително основно образование се зголемил во изминатите десет години, но сепак, посетувањето на средно училиште е на многу пониско ниво“.

„Процентот на младите лица (18-24 години) кои што не се вработени, ниту се вклучени во образованието или обуката е висок, од 73 во Србија до 86 проценти во Босна и Херцеговина. Кај младите жени овој процент се движи помеѓу 81 (Република Северна Македонија) и 93 проценти (Црна Гора). Бројките покажуваат дека Ромите имаат помала веројатност за пристап до здравствена заштита во споредба со соседите кои не се Роми. Многу ромски населби не се поврзани на водоводната мрежа, почнувајќи од 10 проценти во Република Северна Македонија, па сé до повеќе од половина од ромската популација во Албанија.“

Во Декларацијата на партнерите од Западен Балкан за интеграција на Ромите во рамките на процесот на проширување на ЕУ, која се усвои на Самитот на Западен Балкан во Познањ, е утврдено дека економиите од Западен Балкан настојуваат да постигнат зголемување на вработеноста, легализација на домувањето каде што е можно, зголемена стапка на завршување на основното и средното образование, стапка на покриеност со здравствено осигурување и регистрација во матичната евиденција на сите Роми, како и да ја продолжат борбата против дискриминацијата кон Ромите, наведува РСС.

Проектот за интеграција на Ромите на Регионалниот совет за соработка, финансиран од Европската унија и Фондацијата Отворено општество, го олесни процесот на одобрување на оваа Декларација, која беше иницирана од Владата на Република Северна Македонија. 


Можеби ќе ве интересира

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци