20 Декември, 2025
0.0491

ПОМИНА И ПРВ АПРИЛ-Македонија повторно се разбуди со стари проблеми и без Собрание

Објавено во: Македонија 02 Април, 2017 09:04

Добивај вести на Viber

Денот на шегата помина, „тиранската платформа“ остана да го кочи новиот избор на Собранискиот претседател.

Речиси пет дена пратениците дебатираа безцелно, за несуштинските прашања отколку за она што е важно и  на дневен ред.

Реплики и контрареплики се изнаслушавме а Парламентот и по петтата рунда не се сконцентрира на изборот на нов собраниски спикер.

Претседавајќи со конститутивната седница Трајко Вељаноски почна да го исклучува микрофонот на политичките ривали, пратениците од СДСМ кои имаат парламентарно мнозинство.

Претпладневниот дел на петтото продолжение на конститутивната седница на Собранието , на која требаше да се избере претседател, го обележаа повторно бројни процедурални забелешки на пратениците на ВМРО ДПМНЕ на разни теми и нивни меѓусебни реплики и дополнувања со кои го блокираат изборот на претседател.

Во име на мнозинството, СДСМ за претседател го предложи Талат Џафери, пратеник на најголемата албанска партија ДУИ, но БЕСА најави дека нема да гласаат за него. Џафери може да биде избран и без гласовите на таа партија бидејќи преостануваат три членки на мнозинството - СДСМ, ДУИ и Алијансата за Албанците-имаат доволен број гласови за тоа или 62.

Во парламентот со 120 места , најмногу пратеници на последните избори доби ВМРО ДПМНЕ -51, СДСМ има 49, ДУИ 10, Беса -5, и Алијансата на албанците -3, најмалку освои ДПА или два пратеници.

Седницата на Собранието е прекината уште на 30 декември веднаш после верификацијата на мандатот на пратениците, тогаш поради непостоење на пратеничко мнозинство кое би избрало претседател.

Тоа го искористи ВМРО ДПМНЕ за да претседателот од претходниот состав, Вељаноски продолжи да претседава и со новиот состав, наместо тоа да му го препушти на најстариот пратеник.

Лидерот на СДСМ Заев во февруари со албанските партии ДУИ, БЕСА, Алијанса за Албанците формираше мнозинство и очекува после конституирањето на Собранието сепак од претседателот Иванов да го добие мандатот за да формира влада.

Можеби ќе ве интересира

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти