26 Јуни, 2024
0.0324

ПОМИНАВМЕ НИЗ ПЕКОЛОТ НАРЕЧЕН КОВИД - се изборивме благодарение на Клиниката Жан Митрев, велат пациентите

Објавено во: Македонија 09 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Поминавме низ пеколот наречен Ковид и успеавме да се избориме со него благодарение на Клиниката Жан Митрев. Ова се зборовите на стотина пациенти кои испратија писмо со поддршка за клиниката до редакцијата на Фактор. Истакнуваат дека како пациенти кои се спасиле благодарение на клиниката, сметаат дека е неопходно да ја дадат поддршката бидејќи ќе му бидат благодарни цел живот.

Сите ние бевме сведоци на невидените напади и омраза кон врвниот доктор Жан Митрев излеани од страна на роднини на поранешни пациенти кои се појавија организирано пред Судот каде се одржуваше рочиштето за д-р Жан Митрев.

Како група пациенти се појавивме еднаш со нашата поддршка за д-р Митрев пред болницата и сметаме дека треба да ја повториме оваа поддршка во пресрет на новото рочиште.

Ние сме група на 100тина пациенти што поминаа низ пеколот наречен КОВИД и што успеавме да се избориме со него благодарејќи на Клиниката Жан Митрев. За ова ќе му бидеме благодарни цел живот, бидејќи најголемиот дел од нас беше донесен во болницата во екстремно тешка состојба. Тоа беше сликата во болницата – тешко болни каде некои од нив со недели поминале во други здравствени установи без успех. Јасна ни е болката за секој изгубен живот, јасно ни е дека бесот некогаш е посилен од разумот, но нејасно е како не се слуша нашиот глас, оној што му дава поддршка на Митрев. Затоа се решаваме повторно на овој чекор, на овој начин да се обратиме во јавноста - се наведува во нивното писмо.

Тие потоа посочуваат дека „го пишуваме ова писмо до јавноста благодарејќи на тоа што преживеавме КОВИД. Денеска сме живи благодарејќи на д-р Митрев бидејќи тој и неговиот тим направија се да се избориме со болеста“. 

- Немавме среќа како другите да поминеме со лесни симптоми, завршивме со денови, а некои од нас и со месеци да се бориме со последиците на вирусот. Многу е лесно да се дава генерализација за сликата и да се осудува, но секој од нас е посебна човечка приказна, секој од нас различно помина и се бореше и некој од нас се уште се бори со последиците од вирусот. Нејасно е како оваа цела криза заврши само на грбот на една од најдобрите болници во Македонија. Дали сте запрашавте како поминаа оние кои се лечеа на друго место? Дали проверивте колкава е смртноста? Дали сте прашале колку од нив починаа дека некој не знаеше да ги лечи? Дали прашавте дали некој се грижеше за нив, како за нас во Клиниката Жан Митрев? Некои од одговорите можеме и ние да ги дадеме, бидејќи голем дел од нас се бореа со последиците од вирусот прво во јавните здравствени установи, а некои и во приватни и потоа спасот го баравме кај д-р Митрев - пишува во писмото. 

Понатаму пациентите исто така прашуваат „Дали сте се запрашале дали некаде во светот некој одговарал од докторите што се обидувал да спаси животи за време на КОВИД? Ќе ви кажеме ние – нема. Дали сте се запрашале дали воопшто некој од нашите доктори знаеше што да прави за време на кризата?“ 

- Да ве потсетиме сите ние, па и тие беа како муви без глава. И на крај дали некој се сеќава дека приватните установи беа вклучени во борбата со КОВИД не на нивно барање. Ама кај нас најлесно е да се впери прст без да се направи вистинска анализа и без да се води сметка за човечките судбини. Научени сме да осудуваме без да почекаме да видиме што се фактите.

Нашата поддршка ќе ја даваме на секое рочиште на д-р Митрев, бидејќи самите знаеме низ каква голгота поминавме и колку сме благодарни на него и неговиот тим што денеска сме живи - потенцираат пацинтите на крајот од писмото. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија

ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија

КУРТИ ДО МИЦКОСКИ: Со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи

КУРТИ ДО МИЦКОСКИ: Со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи

(ВИДЕО) ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно

(ВИДЕО) ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно

БУГАРСКОТО МНР ВЕЛИ ДЕКА ПОРАДИ ПРОВОКАЦИИ МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ ВРЕМЕ: Нема да има предоговарање на рамката

БУГАРСКОТО МНР ВЕЛИ ДЕКА ПОРАДИ ПРОВОКАЦИИ МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ ВРЕМЕ: Нема да има предоговарање на рамката

ТАРАВАРИ СО ПЛАН: Еве како ќе го зголеми бројот на вработени во здравството

ТАРАВАРИ СО ПЛАН: Еве како ќе го зголеми бројот на вработени во здравството

МАРИНАКИС: Не може да биде селективно спроведувањето на меѓународното право и тоа е нешто што нема да биде толерирано

МАРИНАКИС: Не може да биде селективно спроведувањето на меѓународното право и тоа е нешто што нема да биде толерирано

„Сакате да ја замајувате јавноста и да го поништите законот со тоа што ќе нанесете атомска бомба“: Ибраимоски тврди дека никому не се заканувал, еве што вели

„Сакате да ја замајувате јавноста и да го поништите законот со тоа што ќе нанесете атомска бомба“: Ибраимоски тврди дека никому не се заканувал, еве што вели