Добивај вести на Viber
Со два продажни салони, едниот во Сити Галери, а вториот во чаир, денеска стартува со работа четвртиот мобилен оператор во Македонија, Албафон. Како што соопштија од компанијата, за одбележување на почетокот ќе подарат по илјада телефонски броеви во двете продавници.
Дистрибутери на Албафон се неколку познати компании од оваа област, со што , велат од компанијата, ќе бидат поблиску и подостапни до клиентите во целиот регион.