Добивај вести на Viber
Регулаторната комисија за енергетика ги одреди новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од ноќеска на полноќ. Според методологијата за пресметка, малопродажните цени на нафтените деривати согласно оваа одлука се намалуваат во просек за 1,2%.
Така, цената на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалува за 1.00, односно 1.50 денари, и еден литар од овие горива ќе се продава по цена од 80.00, односно 81.50 денари.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 0.50 денари, и еден литар дизел гориво ќе се продава по цена од 67.00 денари.
Овие цени ќе важат во следните две недели.