Добивај вести на Viber
Одбиени се апликациите на речиси половина од студентите кои барале место во студентски дом поради давање неточни информации. Станува збор главно за финансиската состојба на семејството на студентите кои не се поклопувале со оние во Управата за јавни приходи. Оттука, во второто пријавување по електронски пат кое почнува утре, останале голем број слободни места, информираше Премиерот Никола Груевски.
„Со елиминација на тие 45 отсто, ќе има слободни места и ќе има нова тура поднесување апликации и документи. И тие што излажале ќе имаат можност пак да конкурираат, но само доколку ги исполнуваат условите. Првпат во историјата на Македонија не само што ќе нема недостиг на легла, туку ќе има слободни и затоа ќе има втор круг“, изјави Груевски.
Според најавите од министерството за образование, оние што аплицирале, дали ќе бидат примени ќе знаат утре за кога е најавена официјалната прес конференција.
Од образование исто така најавија дека ќе ги засилат контролите и ќе се проверуваат сите документите, при што беше повторено дека директорите што ја злоупотребиле службената положба ги чекаат големи казни од 75оо до 15 000 евра.
Законот за студентски стандард беше сменет оваа седмица, со што и студентските легла во домовите треба да се даваат по детално утврдени услови. Првиот конурс за доделување на студентските легла беше објавен на 15 јули за 6.369 места.