Поради неухранетост секое четврто дете во светот заостанува во растот
Објавено во: Свет 15 Април, 2013 12:29
Постои реален напредок во борбата против заостанувањето во растот кај децата како последица на неухранетост, скриеното лице на сиромаштијата за 165 милиони деца на возраст под пет години, покажува најновиот извештај на УНИЦЕФ, објавен денеска. Извештајот нагласува дека забрзаниот напредок е неопходен и можен.
Едно на четири деца под петгодишна возраст во светски рамки е со забавен раст, поради хронична неухранетост во критичните години од животот. Околу 80 отсто од децата со забавен раст живеат во 14 држави во светот.
Клучот на успехот во борбата против заостанување во растот е фокусирањето на вниманието на бременоста и на првите две години од животот на детето.
Заостанувањето во растот не значи само дека детето има понизок раст за неговата возраст, туку може да значи и забавување во развојот на мозокот и когнитивните способности на детето.
- Заостанувањето во растот поради неухранетост може да ги уништи шансите на едно дете за живот, како и да ја уништи можноста за развој на еден цел народ, изјави извршниот директор на УНИЦЕФ Антони Лејк.
- Сега е време да се дејствува за да се забрза постигнатиот напредок во решавањето на тој проблем, нагласи Лејк.
Извештајот на УНИЦЕФ ги потенцира успесите во борбата за подобрување на политиките и програмите за храна и промена на однесувањето на 11 држави: Етиопија, Хаити, Индија Непал, Перу, Руанда, Демократска Република Конго, Шри Ланка, Киргистан, Танзанија и Виетнам.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




