Поради омикрон, Британија го подигна степенот на тревога
Објавено во: Свет 12 Декември, 2021
Британија го подигна степенот на тревога поради ширење на омикрон сојот.
Здравствените власти во Велика Британија соопштија во недела дека го подигнуваат степенот на тревога за Covid-19 поради „брзото ширење“ на заразите со омикрон варијантата на коронавирусот.
Степенот на тревога се подигнува од третото на четвртото нуиво, што е второто највисок ниво и значи дека „преносот на вирусот е засилен, како и дека притисокот врз здравствените служби е општи и голем или е во пораст“.
Велика Британија е меѓу земјите најтешко погодени во пандемијата со коронавирусот, со веќе 146.000 починати по речиси две години и околу 50.000 новозаразени на дневно ниво.