23 Јуни, 2024
0.0255

Поради руската инвазија на Украина очекуваа економски шок, а им се случи бум

Објавено во: Економија 09 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Откако Русија ја почна војната во Украина, Грузија очекуваше економски штети, но се случи обратното.

Јарослава Бабич, економист од ISET Policy Institute од Грузија за Фактор објаснува дека грузиската економија не претрпе штети како што првично се очекуваше, туку имаа корист од одредени случувања по почетокот на војната. Вели дека на почетокот на годината ги имаше сите знаци дека може да настрада економијата на Грузија. Бабич наведе дека прво имаше зголемување на цената на храната насекаде во светот, при што особено беа зголемени цените на житото. Раскажува дека Грузија е увозник на храна и е зависна од увезеното жито и брашно, главно од Руската федерација. Грузија е зависна и од Русија и од Украина, поради извозот на стоки, како што се виното, минералната вода, свежото овошје и зеленчук.

„Но, веќе во мај оваа година беше многу очигледно дека грузиската економија сигурно оди многу подобро од очекуваното, а во последните 10 месеци реалниот раст на БДП беше 10 отсто на годишно ниво, двојно повисок од пред пандемијата. Ова првенствено се должи на неколку изненадувачки случувања: наплив на пари од Русија – огромни приливи, 1,4 милијарди долари помеѓу јануари и октомври и тие се 3,6 пати повисоки од истиот период од 2021 година и претставуваат речиси половина од сите приливи од странство. Извештаите покажуваат дека 70-80 илјади повеќе Руси дошле во Грузија во 2022 година од вообичаено. Приходите од меѓународните посетители се зголемија над нивото пред пандемијата. Голем дел од приходите од меѓународните патувања се од долгорочни посетители, како што се Русите. Бројот на компании регистрирани од руски граѓани вртоглаво порасна – 10 пати повеќе од претходната година, а во периодот од јануари до септември се регистрирани речиси 9.500 нови компании. Половина од компаниите кои се регистрирани сега во Грузија од страна на руските државјани биле регистрирани во последните 9 месеци. Меѓународната трговија е зголемена. Не толку со Русија, туку  со другите земји во регионот за 40 отсто“, вели економистот.

Додава дека превозот низ Грузија се зголеми поради пренасочувањето на одреден проток на транспорт од Русија. Бројот на камиони кои се движат низ земјата се зголеми за 22 отсто во мај 2022 година во однос на мај лани.

„Кој има корист: во Грузија многу мали и средни претпријатија, како што се мали хотели, куќи за гости, рестораните имаат корист од туристичкиот прилив. Но, долгорочните посетители, особено кои престојуваат во земјата за 3 месеци или подолго имаат различни модели на трошење - изнајмување стан, готвење дома, така што на крајот нема само туристичките фирми да профитираат од овој прилив.  Русите ги зголемуваат цените на недвижностите во Тбилиси и во големите градови како Батуми. Просечниот месечниот приход на грузиските домаќинства е околу 450 американски долари, додека руските граѓани имаат тенденција да трошат 1.700 долари месечно. Цените за изнајмување на станбени имоти се зголемија за 81-158 отсто во октомври во Тбилиси. Продажната цена се зголеми за 22-38 отсто во октомври“, додава Бабич.

Грузија порано се „продаваше“ како евтино место за живеење. Сега Грузијците како и многу други луѓе во светот плаќаат повеќе за храна и сметки.

Како негативни ефекти од доселувањето на Русите, економистот ги наведува долгорочните руски геополитички ризици за земјата.  Грузијците имаат одреден отпор кон Русите, а ова може да доведе до социјални тензии. Регионите Јужна Осетија и Абхазија ги разгоруваат тензиите меѓу двете држави. За овие територии во минатото имаше војна, а руските сепаратисти имаат поддршка од Москва. Регионите што Грузија го смета за окупирана територија, Русија ги признава како независни републики.

Сања Атанасовска

foto Wikipedia/Marcin Konsek

Можеби ќе ве интересира

„Европа ги прави работите поинаку“: германскиот министер за економија во Пекинг за царините на ЕУ

„Европа ги прави работите поинаку“: германскиот министер за економија во Пекинг за царините на ЕУ

Светот доби нова број еден највредна компанија, за еден месец ги мина Google и Microsoft

Светот доби нова број еден највредна компанија, за еден месец ги мина Google и Microsoft

Чаушевски: Во Албанија и Црна Гора има голем број туристи кои се спасуваат од жештини, затоа им падна системот

Чаушевски: Во Албанија и Црна Гора има голем број туристи кои се спасуваат од жештини, затоа им падна системот

„Активирани се сите механизим за да нема домино ефект кај нас“: Бислимовски вели ова е доказ за „испреплетеноста на системот“

„Активирани се сите механизим за да нема домино ефект кај нас“: Бислимовски вели ова е доказ за „испреплетеноста на системот“

ОГРОМЕН КОЛАПС НА СНАБДУВАЊЕТО СО ЕНЕРГИЈА ВО РЕГИОНОТ: речиси цела Црна Гора е без струја, но и делови од Хрватска и Босна и Херцеговина

ОГРОМЕН КОЛАПС НА СНАБДУВАЊЕТО СО ЕНЕРГИЈА ВО РЕГИОНОТ: речиси цела Црна Гора е без струја, но и делови од Хрватска и Босна и Херцеговина

ЕКОНОМСКИ БЕНЕФИТ: Колку ќе заработи Германија од ЕУРО 2024?

ЕКОНОМСКИ БЕНЕФИТ: Колку ќе заработи Германија од ЕУРО 2024?

ПЛАТИТЕ И ПЕНЗИИТЕ ВО ЦРНА ГОРА ПОРАСНАЛЕ: Зошто инвестициите се намалени?

ПЛАТИТЕ И ПЕНЗИИТЕ ВО ЦРНА ГОРА ПОРАСНАЛЕ: Зошто инвестициите се намалени?

СЛОВЕНИЈА ВО ВРЕМЕТО НА НЕЗАВИСНОСТА И ДЕНЕС: Нивниот БДП сега е шестпати поголем

СЛОВЕНИЈА ВО ВРЕМЕТО НА НЕЗАВИСНОСТА И ДЕНЕС: Нивниот БДП сега е шестпати поголем

„МИСЛИШ ЛИ ДЕКА СУМ ЛУД“ - прашање поради кое вреди да се чита за Илон Маск

„МИСЛИШ ЛИ ДЕКА СУМ ЛУД“ - прашање поради кое вреди да се чита за Илон Маск