Поради убиство во Белгија уапсен Албански пратеник
Објавено во: Балкан 02 Април, 2015 20:53
Албанската полиција уапси пратеник осуден во Белгија во отсуство за убиство во 1999 година, што го отвори патот за негова екстрадиција во Брисел.
Парламентот веќе му го одземал имунитетот на Марк Фроку, претставник на малата Демохристијанската партија, која е во сојуз со владејачките социјалисти.
Според албанското обвинителство „Белгија издала меѓународна потерница за апсење на Марк Фроку осуден со уште тројца Албанци за убиство со умисла на нивен сонародник во 1999 година во Брисел“.
Во јануари 2010 година во бриселскиот суд биле осудени четворицата во отсуство на 10 години затвор.
Обвинението се смета дека убиството на Александар Курти во Брисел во 1999 година е поврзано со ривалството помеѓу криминалните групи кои се занимаваат со трговија со луѓе.
Процесот против Фроку се очекува да започне повторно во октомври. „Не сум учествувал во вакво кривично дело. Тогаш не бев во Белгија. Овие обвинувања се лажни“, изјавил Фроку во парламентот, кога се дискутираше за одземање на имунитетот.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




