17 Мај, 2024
0.0321

ПОРАНЕШНИОТ ГЕНСЕК СО СОВЕТИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ЛАЖНИТЕ ДОЈАВИ ЗА БОМБИ, еве кои се петте чекори кои треба да понудат решение!?

Објавено во: Македонија 12 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Поранештниот генсек Драги Рашковски утрово се јави со свое видување како да се надмине проблемот со лажните дојави за бомби кои пристигнуваат во средните и основните училишта во земајва. 

Според Рашковски, има решение на проблемот од само пет чекори кои би треблот да ги пратат училиштата за да се напарави контрола на мејловите кои пристигнуваат, а ова би требало да ги одведе и до лицата кои ги испраќаат дојавите. 

Ставот на обвинетиот поранешен генсек го пренесуваме во целост, но останува енигма дали се ова чекори кои досега не му текнале на ниту еден информатичар со надлежните служби. 

Тоа што не се јавно објавуваат не значи дека ги нема. Тоа што сторителите не се пронајдени е вториот аспект, затоа што ниедно кривично дело не смее да остане неказнето. Тоа што повеќе загрижува е способноста да се справиме со ваквите сајбер напади, затоа што ова нема да е крај – дигитализацијата тек почнува. Отворете ChatGPT и замислете само – ако ова ни се дава јавно и бесплатно, што тогаш во светот на вештачката интелигенција има, а е тајно.

Нас не помести од место една навидум показна вежба за да видиме дали можеме на овој напад да возвратиме превентивно. Од методите кои можевме да ги превземеме, ние решивме да игнорираме, а што можевме да направиме и воопшто до ова да не дојдеше:

ЧЕКОР 1 – Сите маил адреси на наставниците и административниот кадар во училиштата да се променат и како такви да се стават во една дата база.

ЧЕКОР 2 – МВР да ја стави таквата дата база во дата центарот во Прилеп, кој според надворешниот изглед делува ветувачки.

ЧЕКОР 3 – Да се отстранат сите стари маил адреси од веб страните на училиштата

ЧЕКОР 4 – На местата каде што стоеле старите маил адреси до името на наставниците или административниот кадар да се стави копче со назив – ПОБАРАЈ МАИЛ АДРЕСА. Откако ќе се кликне ќе го одведе посетителот до веб страна поврзана со дата базата од ЧЕКОР 1 при што на таа страница ќе проверува од каде доаѓа барањето, и доколку истото барање доаѓа од IP адреса надвор од нашата земја или пак од сомнителна локација ќе му побара и телефонски број на кој да му ја испрати маил адресата од наставникот или административниот кадар. На тој начин ќе се заштитиме од тоа да ги даваме новите маил адреси на секого.

ЧЕКОР 5 – Дополнително, со цел да се заштитиме од тоа дека не станува збор за алгоритам кој ги собира маил адресите од наставниците и административниот кадар, доколку барањето за добивање на маил адреса доаѓа од IP адреса која е надвор од нашата земја, тогаш барателот на информацијата ќе треба да реши стандардна логичка задача, како што сме навикнати да гледаме, а прикажана на следнава слика.

Со ова имаме двоен бенефит – Мејловите се заштитени и огромни се шансите да дознаеме од каде доаѓале досегашните закани.

Бидејќи не сите се познавачи на информатичката технологија, ваквиот предлог би сакал да го компарирам со дел од секојдневието, каде го постигнуваме истиот ефект.

Доколку сакаме да спречиме некој да ни остави заканувачко писмо во поштенските сандачиња пред куќа или долу пред зграда и кога не сакаме секој да ни влегува дворот или во зградата што треба да направиме:

ЧЕКОР 1 – ја променуваме постојната шифра за влез во зградата или дворот и поставуваме видеофон

ЧЕКОР 2 – Ги внесуваме сандачињата за пошта позади оградата, односно влезната врата во зграда

ЧЕКОР 3 – Ставаме упатство на влезна врата дека секој кој сака да влезе треба да звони на видеофон

ЧЕКОР 4 – Ние го гледаме на камера и одлучуваме дали ќе го пуштиме

ЧЕКОР 5 – Кој и да побара влез треба да има добро објаснување, а секој ќе знае дека неговото влегување се снима.

Ако ги оставиме сандачињата надвор, нормално е непознати лица да ни уфрлаат се и сешто внатре.

НАРОДНА ПОГОВОРКА - Лекот е секогаш 5 пари

Можеби ќе ве интересира

МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Се бараат работници за над 20 позиции, еве во кои сектори

МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Се бараат работници за над 20 позиции, еве во кои сектори

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО- НАУМ, СО УШТЕ ЕДЕН ПОЗДРАВ ДО АЛИ: Не напиша ништо, но со фотографијата кажа сѐ

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО- НАУМ, СО УШТЕ ЕДЕН ПОЗДРАВ ДО АЛИ: Не напиша ништо, но со фотографијата кажа сѐ

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда