06 Октомври, 2024
0.0249

Портокалова фаза во три региони во земјата

Објавено во: Мои пари 08 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Три региони од територијата на Македонија денеска и утре ќе бидат зафатени од топлотен бран-портокалова фаза, соопшти Министерството за здравство, повикувајќи се на најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи.

Станува збор за осоговско–малешевскиот, охридско–преспанскиот и полошкиот регион, каде се предвидуваат температури повисоки од вообичаените за овој период од годината. Останатите три региони, скопски, јужно-вардарски и пелагонски, ќе бидат зафатени со топлотен бран од жолта, односно алертна фаза.

Најавата од УХМР се однесува само за денеска и утре, бидејќи за викендот се очекува мало намалување на температурите во целата држава.

Согласно Акцискиот план за заштита од топлотни бранови, поради најавените високи температури, со цел заштита на здравјето на ранливите групи на населението, Министерството за здравство дава препораки за цела територија на државата.

Се препорачува денеска и утре да се ослободат од работни обврски бремените жени и лицата постари од 60 години, работодавачите да го реорганизираат работното време за градежните работници и лицата кои работат на отворено со тоа што ќе се избегнуваат активности во периодот од 11 до 17 часот. Според препораките, градинките не треба да практикуваат физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено од 11 до 17 часот, а единиците на локална самоуправа, Црвениот крст и центрите за социјални работи да имаат поактивен пристап и помош на постари, изнемоштени лица и бездомници. Согласно Акцискиот план за заштита од топлотни бранови за целата држава и натаму остануваат да важат општите препораки за намалување ризици врз здравјето од  дејството на топлотниот бран.

Во текот на ваквите екстремно топли денови се препорачува да се остане повеќе во затворени простории, пред се климатизирани, а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка.

Треба да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце заштитни очила и капа (светлите бои ја рефлектираат светлината), а при сончање да се користи крема со висок заштитен фактор.

Се препорачува и да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку мрсна храна, големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, и избегнување алкохолни пијалоци. При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри, а хроничните болни лица редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари. Поради високите температури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, препораките се: задолжително миење на свеж зеленчук и овошје пред нивната употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу краток рок по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 8 степени, а пред употребата да се загрее на + 100 степени. Да се избегнуваат производи кои термички не се обработени како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се консумира сладолед и разни кремови.

Можеби ќе ве интересира

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар

Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“ Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години

Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“ Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години

Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври

Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – РЕГИОНАЛЕН ВОДЕЧКИ ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – РЕГИОНАЛЕН ВОДЕЧКИ ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

ТАВ АЕРОДРОМИ: АВИОНСКОТО КАРГО НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО ПОРАСТ ОД НАД 40 ОТСТО ОД ЈАНУАРИ ДО АВГУСТ

ТАВ АЕРОДРОМИ: АВИОНСКОТО КАРГО НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО ПОРАСТ ОД НАД 40 ОТСТО ОД ЈАНУАРИ ДО АВГУСТ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧО КОЛАРСКИ Е ВЛТ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.799.026 ДЕНАРИ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧО КОЛАРСКИ Е ВЛТ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.799.026 ДЕНАРИ

Fashion Group fall/winter ‘24: Натпросечно со стил со Тино и Атанас!

Fashion Group fall/winter ‘24: Натпросечно со стил со Тино и Атанас!

„Лесја Украинка“: Егзекуцијата на 16 воени заробеници и прашањата за почитување на меѓународните норми

„Лесја Украинка“: Егзекуцијата на 16 воени заробеници и прашањата за почитување на меѓународните норми