Пошта најде замена за „Еуростандард“ банка
Објавено во: Економија 17 Ноември, 2020
Македонска пошта по повеќе од два месеци избра банка која наместо „Еуростадард“ ќе го извршува платниот промет.
Најповолна понуда дала Халк банка и од сега преку оваа банка ќе оди платниот промет.
За да може Халк банка и пошта да склучат договор, ќе треба најпрво Владата да даде зелено светло. По пропаѓањето на „Еуростадард“, граѓаните не можат да платат сметки, да си ги подигнат пензиите, социјалната помош и други услуги.
„Еуростандард“ пропадна летово.
Надзорната расправа за случајот „Еуростандард“ се одржа во петокот минатата недела.