Поскапува бензинот, дизелот ќе се точи поевтино
Објавено во: Економија 18 Март, 2019
Согласно најновата одлука која Регулаторна комисија ја донесе денеска, бензините поскапуваат додека дизелот бележи пад на цените.
Имено, цените на бензините се зголемуваат за 1.50 денари, дизелот поевтинува за 0.50 денари.
Тоа значи дека ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за по 1.50 денари – па еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 66.00 денари, а еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 67.50 денари.
ЕУРОДИЗЕЛ гориво од ноќеска ќе се точи по цена од 60.50 денари за литар.
Почнувајќи од полноќ на сила ќе стапат новите цени на нафтените деривати кои ќе важат се до следните две недели.