22 Ноември, 2024
0.0455

Поскапуваат и старите станови, но дали цените се реални?

Објавено во: Економија 21 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

Во земјава поскапуваат становите, но не само новите, туку и старите. Ова го потврдуваат од агенциите за недвижен имот ширум Maкедонија. 

Велат дека денес имаме цени какви немало претходно. Тоа се случува поради општото поскапување, а во некои градови и поради големата побарувачката на станови.

„Во Битола веќе имаме цена од 1.000 евра за нови, и 700 евра по квадрат за стари станови. Почнаа и старите станови да држат цени, и тоа може да се види по огласите, но дел од тие цени се нереални затоа што некои станови се во добра состојба, а на некои им треба реновирање. Она што забележувам е дека старите станови на 1-ви, 2 - ри и 3-ти кат држат цена“, велат од битолска агенција за недвижен имот.

И во Охрид додаваат дека се случува истото. Новите станови достигнуваат и до 1.300 евра по квадрат, а старите од 700 до 900 евра.

„Цените не се реални за старите станови. Но, поради побарувачката и газдите на старите станови си држат висока цена“, изјавија од агенција за недвижен имот во Охрид.

Овој тренд е присутен скоро во цела држава, со акцент на градовите каде стандардно има интерес за купување на недвижен имот.

„Материјалите поскапуваат, скокаат цените на новите, но и на старите станови. И тој што продава стар стан, обично планира да купи друг имот. По купување на стар стан, ако има реновирање, најчесто е тоа замена на врати, прозорци, ламинат, санитарија“, велат од агенцијата Елинор од Тетово.

Од агенциите објаснуваат дека често пати се случува луѓето кои ќе купат стар стан за реновирање да дадат 10.000 евра, и на крајот вкупната потрошена сума да биде скоро како онаа што би ја дале за купување на нов стан.

Велат дека во Скопје како главен град, има голем интерес за градење, и за купување на имоти, и сето тоа повлекува поскапување на цените. Таму има наплив на големи и квалитетни инвеститори. Но, поскапувањето во Скопје, повлекува и кревање на цените во соседните градови кои гравитираат кон него.

„Од 50 до 100 евра е зголемувањето на цените по квадрат поради поскапувањето на градежните материјали, а сѐ друго е однос на понуда и побарувачка. И половните, односно старите станови го следат овој тренд. Во Велес нова градба чини од 750 до 850 евра по квадрат, а старите станови се од 500 до 600 евра, зависно од локацијата“, велат од агенцијата Дематели од Велес.

Рекорден раст на цените на недвижнините имало во последното тромесечје лани. Становите поскапеле за дури 11,2 процентни поени на годишно ниво. Ваков раст не е регистриран од 2009 година. Поскапувањето што го објави Народната банка е историско. Податоците покажуваат дека во октомври, ноември и декември недвижнините биле поскапи за дури 5,2 проценти од јули, август и септември. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат