17 Мај, 2024
0.0312

Поскапувања има и во Европа, ги прашавме Италијанците колку чинат лебот, месото, сметките

Објавено во: Економија 28 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Војната во Украина, но и енергетската криза која го погоди светот, доведоа до поскапувања во Европа. И во Италија постои загриженост поради зголемувањето на цените, но и за тоа дали набрзо ќе се најде решение за војната во Украина и состојбата ќе се нормализира.

Италијанците објаснуваат дека им поскапеа лебот и другите намирници, бензинот, а сметките се двојно поголеми.

Овде, поради војната меѓу Русија и Украина, веднаш имаше поскапувања. Цената на лебот се зголеми, но пред сѐ и цената на струјата скокна. Минатата недела добив сметка, со двојно зголемена сума.  Санкциите кон Русија веќе и задаваат тежок удар на италијанската економија, која и онака беше прилично кревка пред војната. Многу луѓе се во проблеми, особено бизнисите каде енергетската потрошувачка е тројно зголемена. Лебот чини околу три евра за килограм, а месото ако се купи во продавница може да достигне и до 8 евра за килограм. Цените се зголемија во последните неколку недели. Зголемување на цените на безалкохолните пијалоци има во речиси сите супермаркети за 50 отсто. Најпогодена група на луѓе несомнено се пензионерите со минимална пензија, кои примаат од 400 до 500 евра месечно“, вели Кристина Корцето од Џенова.

Сите гледаат како да заштедат, и да изберат поекономичен начин на готвење и греење. Корцето вели дека овошјето и зеленчукот се исто така поскапени.

Да, тие се многу поскапи ако ги купите во супермаркети. Ние купуваме постојано од еден човек кој ги добива залихите од земјоделците“, објаснува Корцето.

Таа додава дека Италијанците се против војната и се плашат, особено постарите. Чекаат позитивен исход, односно договор кој би ја запрел војната во Украина.

„Се надевам дека нешто ќе се промени бидејќи е многу тешко да се продолжи понатаму. Се чини дека сме се вратиле назад во времето, кога нашите баби и дедовци живееле со сите тешкотии на војните, пандемиите и економската криза. Историјата се повторува“, рече Вилма Коеро Борга од Торино.

Стравот од коронавирусот е сѐ уште тука. Велат дека и покрај сѐ мораме да внимаваме на мерките за заштита од вирусот. Италија беше една од најпогодените земји од пандемијата на ковид – 19.

Во февруари, во Италија инфлацијата се зголеми за 0,9 отсто на месечна основа и за 5,7 отсто на годишна основа.

Во еврозоната потрошувачките цени пораснаа за 5,9 отсто. Во Германија лебот може да достигне цена од 10 евра. Илјадници луѓе во Мадрид во Шпанија излегоа на протести поради високите цени на горивата.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата