19 Мај, 2024
0.0649

ПОСЛЕ НЕКОЛКУ БИЗНИС ИГРИ: Гасоводот Штип-Неготино почнува да се гради!

Објавено во: Економија 30 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Изградбата на гасоводот Штип-Неготино за кој се водеа неколку бизнис игри стартува денеска и е вториот дел од Проектот за изградба на Националниот гасоводен систем во земјата.

Тендерот за изградба на гасоводот Штип-Неготино отиде во рацете на конзорциумот предводен од кумановската фирма Рапид Билд. Ваквата разврска следуваше откако Државната комисија за жалби по јавни набавки ја отфрли жалбата на конзорциумот предводен од прилепската фирма ДМБ Продуцтион, кој ја обжали постапката во која Рапид Билд беше избран за најповолен понудувач.

Овој тендер од самиот почеток го следат контроверзи и нејаснотии. А, ситуацијата станува уште поинтересна откако се дозна дека жалбата е отфрлена поради „разидување“ меѓу компаниите кои се дел од конзорциумот што се жалеше, односно компаниите ДМБ Продуцтион и Гранит.

Па така, откако конзорциумот составен од ДМБ Продуцтион и Гранит, поднесува жалба за спроведениот тендер до надлежната комисија, подоцна Гранит испраќа известување дека таквата жалба е доставена без нивна согласност и овластување, и дека е дело само на ДМБ Продуцтион, што го сметаат како спротивно на законот. Тоа пак било доволно, Државната комисија за жалби по јавни набавки, да ја отфрли жалбата како недозволива.

Со тоа, конзорциумот предводен од кумановската фирма Рапид Бил останува победник на тендерот за Штип-Неготино.

На тендер како козорциум, но кога стигна до жалба против државата, Гранит го напушти партнерот?!

Но, како течела постапката во Државната комисија за жалби по јавни набавки? Имено, иако ДМБ Продуцтион и Гранит на тендерот настапувале заедно како конзорциум , сепак, откако е поднесена жалбата против државната компанија МЕР,  Гранит ја известил надлежната комисија дека жалбата е поднесена без нивно одобрување и согласнот.

„Поднесената жалба од страна на ДМБ Продуцтион е изјавена без поседување на полномошно од  Гранит. Тоа значи дека жалбата е изјавена самостојно од ДМБ Продуцтион, и не ги претставува интересите на Гранит. Изјавувањето на жалбата во име и за сметка на Гранит, без посебно овластување за тоа, но и фактот дека за поднесување на жалбата Гранит се информира од објавите на веб страната на Државната комисија, претставува повреда на законските и договорните обврски.  Било какви понатамошни постапувања од страна на ДМБ Продуцтион, а во врска со оваа постапка се изјавени еднострано и не ги претставуваат ставовите на Грани,“ е наведено во известувањето од оваа градежна компанија испратено до Државната комисија за жалби по јавни набавки.

Откако го добила ваквото известување, поради  причини наведени во него Државната комисија за жалби по јавни набавки, одлучила воопшто да не ја разгледува поднесената жалба, затоа што сметала дека таа е недозволива и затоа не се впуштила во оценување на фактичката состојба.

Како одеше  изборот на компанија што ќе го гради гасоводот Штип-Неготино.

На тендерот пријавени беа неколку конзорциуми, но дел од нив претходно беа дискфалификувани. Меѓу дискфалификуваните е и конзорциумот ДМБ Продуцтион и Гранит, кој сметаат дека се неправедно исфрлени од игра.

Откако во игра останува конзорциумот составен од Рапид Билд, Квалитет Пром, Чакар и Партнери, ЕЛТЕ Инжинеринг и Спектартермо од една страна и конзорциумот составен одЕнерго Систем, Фабрика Карпош, Енерго техна и Гасстројмонтаж од друга страна,  на аукцијата победува конзорциумот предводен од Рапид Билд. Овој конзорциум бизнисот го добива за сума од 15,8 милиони евра.

Но, освен на оваа делница, истите компании веќе работат и на делницата Клечовце –Штип, каде исто така постапакат ја следат серија контроверзи од самиот почеток, односно од тоа дека целата постапка се прави без тендер, но се спори и сумата по која се гради делницата, при што се тврди дека таа чини три пати поскапо од цената по која требало да се гради, а која била утврдена во физибилити студија нарачана од мминистерството за транспорт и врски, која пак надлежните упорно ја кријат.

Само неколку месеци пред да почне изградбата на гасоводот кумановскиот бизнсмен Тони Каранфиловски, кој ги поседува компаниите Рапид Билд и Квалитет Пром,  ја купи и фабриката за цевки ФЗЦ 11 Октомври за што уште тогаш се тврдеше дека ќе биде дел од вносниот бизнис со изградба на гасоводната мрежа низ земјава, а стечајниот управник на оваа фабрика, тврдеше дека нема ништо спорно во тоа што токму во тие моменти се продале акциите на фабриката затоа што дотогаш имало правни пречки за такво нешто.

Кој го доби бизнисот со националниот гасовод?

Во кумановското село Клечовце во март 2015 година почна изградбата на магистралниот гасовод делница Клечовце – Блок станица 5, дел од проектот за изградба на Националниот гасоводен систем во Македонија. Првиот дел од гасоводот во должина од 61 километар ќе го гради руската компанија Стројтрансгас“. Вредноста на инвестицијата изнесува 75,7 милиони долари, од кои 60 милиони произлегуваат од подмирувањето на клириншкиот долг.

Владиниот економски тим предводен од премиерот Никола Груевски, од кумановското село Клечовце свечено го означија стартот на изградбата на националниот гасовод.  Првиот дел од гасоводот во должина од 61 киометар ќе чини 75,7 милиони долари, од кои 60 милиони евра се обезбедени со подмирување на клириншкиот долг. Изградбата е во раце на руската компанија „Стројтрансгас“.

Од опозициската СДСМ посочија дека со оглед на сумата што ја кажува владата, произлегува дека Македонија ќе го гради најскапиот гасовод во цела Европа.

„Предвидениот гасовод од 60 км е уште еден од низата проекти кои ќе доживее само да видат една лопата, многу помпа и здравци од скапи вина, а за него ќе се потрошат неверојатни 75 милиони долари. Тоа се 1.25 милиони долари по километар што е најскап гасовод во светот. Македонија плаќа убедливо најскап природен гас а од денес е рекордер и по најскап гасовод во цела Европа, посочија од СДСМ во партиското соопштение.

Повеќе за оваа сторија читајте тука!

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа