05 Декември, 2025
0.0322

После седум години дојде ред и за патиштата, време беше!

Објавено во: Македонија 21 Јануари, 2013 08:33

Добивај вести на Viber

Изградбата на патна инфраструктура, автопатишта, магистрални, регионални, локални патишта во секоја изборна кампања предизвикуваат силно внимание.  Владината најава дека во 2013 година со вкупно 130 милиони евра ќе се градат и реконструираат патишта, делува оптимистички. Конечно, дали нашите пари ќе почнат да се трошат за она што и треба. Речиси секогаш, ама баш секогаш предизборно сите зборуваат за патишта, за инфраструктура. Но, таквата амбиција останува само до денот на изборите, потоа оптимизмот спласнува, а изградбата и реконструкцијата на патната инфраструктура останува ништо друго, освен празни ветувања.  Што е видливо изминативе скоро 7 години владеење? Буквално на прсти може да се избројат инфраструктурните проекти. Автопатската делница од Табановце до Куманово од околу 7,6 километри, дозавршена обиколницата околу Скопје, реконструирани мостовите на автопатската делница Скопје – Велес (со пари од НАТО) и последно реконструирани 27 километри од автопатот Скопје - Велес. За седум години ова е тотално незначителна инвестиција во инфраструктурата. Револтирани возачи Речиси да нема возач во Македонија кој не реагира на лошата патна инфраструктура во земјава. Автопатската делница од Велес до Скопје е во очајна состојба, од Радовиш до Струмица магистралниот пат се вози по макадам коцки(сега се отстрануваат). На зима, одроните на патишта се редовна појава. Возачите за патишта и нивно одржување плаќаат и при регистрација на возилото, за користење на автопати пак плаќаат и патарини. Каде се парите што ги плаќаме за одржување на патишта? За домашната експертска јавност состојбата со патиштата не е за изненадување, но прашуваат каде се парите што сите ги плаќаме за одржување на патиштата.. „Ако ние плаќаме за одржување и за нормални патишта и во зимски и во летен период, ако плаќаме и патарина и регистрација, тоа значи дека оние кои ги прибираат средствата не ни даваат адекватна контра услуга. Еден подолг период во областа на патиштата се експериментира“, вели  Вулнет Палоши, универзитетски професор. Немилосрдна статистика: Се уште има 4.613 километри земјени патишта Последните статистички податоци за состојбата со патиштата се објавени во публикацијата на Државниот завод за статистика на 23 ноември 2012 година, под наслов „Транспорт и други услуги, 2011“. Податоците и бројките се повеќе од загрижувачки. Имено, во Македонија од 2007 до 2011 година се асфалтирани се само 367 километри пат, од кои едвај 38 километри се автопат. Во земјава сеуште постојат земјени патишта, но и патишта со макадам коцки. 4613 километри се земјени патишта, додека 1231 километар се покрини со макадам коцки. Од 13 983 километри вкупна должина на патишта во земјава, сафалтирани се само 8140 километри. 259км се автопат, а додека дури 85 километри магистрален пат сеуште не е асфалтиран. Во Скопје, од вкупно 537 километри патишта, 79 километри се со макадам коцки, а 74 километри со земја. Владата најави околу 100 милиони евра за реконструкција и изградба на патишта во 2013 Владата во 2013 година најави дека ќе вложи окoлу 100 милиони евра во изградба и реконструкција на патиштата низ целата држава. Со Програмата за изградба и реконструкција на локални и регионални патишта во 2013 година се планира изградба и реконструкција на 133 локални патишта со должина од 162 километри во 70 општини низ државата за што се наменети 17 милиони евра,  како и 11 регионални патишта со должина од 160 километри во што ќе бидат вложени 30 милиони евра. И.М

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени