Последен ден како пратеници, координаторот ги испрати Лукаревска и Зекири
Објавено во: Македонија 27 Октомври, 2020
Пратениците Сања Лукаревска и Мухамед Зекири го поминуваат последниот ден во Собранието откако денеска на седница им беа верификувани оставките. Тие заминуваат на извршни позиции, но засега нема официјална потврда на шпекулациите за нивниот иден ангажман. Сања Лукаревска сепак се враќа во Управата за јавни приходи.
Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески објави фотографии со нив и им поскапа успех.
„Им благодарам за трудот што го вложија во работата на пратеничката група...
Ми беше задоволство да соработувам во тешки услови на функционирање.
Сигурен сум дека ќе дадат огромен придонес каде и да бидат зошто ги имаат сите квалитети, напиша тој на фејсбук.
Зекири пак на својот профил објави дека благодари на довербата од гласачите на последните парламентарни избори.
„Пожелувам успеси на колегите во Собрание. Продолжуваме со нови предизвици, служиме на граѓаните, напиша Зекири.