ПОСЛЕДЕН ДЕН ВО ПРАВДА - стручната министерка реши да се врати во професорските води
Објавено во: Македонија 27 Август, 2020
Си заминува од министерската позиција и се враќа да предава на Правниот Факултет Јустинијан Први.
Рената Дескоска во досегашната Влада на Зоран Заев прво беше министерка за образование, а потоа го зазеде кормилото и во ресорот за првда.
Сепак, министерката која и на двете министерски позиции важеше за беспрекорно стручна и професионална, а во исто време ненаметлива, реши да им се врати на професорските води. Денешниот ден и беше последен во министерството, каде им се заблагодари на досегашните колеги за успешната соработка.
„Последниот работен ден во Министерството за правда упатувам благодарност до сите вработени во Министерството кои пожртвувано работеа и се вложија во реформите во областа на правдата. Со нивното знаење и ентузијазам тие придонесоа за позитивните оценки кои ги добивме, а кои овозможија одлука за отварање на преговори со ЕУ. Пред нив останува предизвикот за водење на преговорите, предизвик со кој верувам успешно ќе се соочат за доброто на сите нас!“, напиша Дескоска на својот фејсбук профил.