16 Април, 2025
0.0375

ПРОДОЛЖУВА ПОТРАГАТА ПО ИСЧЕЗНАТИОТ ЖИТЕЛ НА СТЕПАНЦИ - во потрагата се вклучуваат извидници и ловци

Објавено во: Македонија 10 Април, 2025 09:55

Добивај вести на Viber

Потрагата по исчезнато повозрасно лице од село Степанци во Општина Штип продолжува, кое е пријавено за исчезнато на 07.04.2025 година во 16:20 часот преку Едиствениот повикувачки број за итни случаи112. Лицето како што информираат од Центарот за управување кризи се уште не е пронајдено и во потрагата денеска ќе се вклучат и извидници од околината, како и ловци од ловечко друштво во Штип. 

- Известени се МВР Штип и Локална самоуправа Штип, а и други институции и служби, здруженија и граѓани коишто можат да помогнат и помагаат во потрагата, информираше Регионалниот ЦУК Штип до Секторот за операции и координација во ЦУК.. Инаку, лицето последен пат било видено во саботата на 05.04.2025 година. 

Во последното деноноќие, конкретно вчера (09 април), е пребаруван повторно теренот околу селото Степанци, а и во и околу другите блиски села, од страна на роднини и пријатели (5-6 лица) на исчезнатото лице. Претходниот ден (08 април) во потрагата беа вклучени 15 лица од коишто имаше и двајца вработени од РЦУК Штип, коишто доброволно се вклучија во потрагата - посочуваат од ЦУК.

Денеска се очекува во потрагата да се вклучат извидници од Штип, дел ловци од ЛЗ „Ловец“ од Штип, додека ловочуварите од ловиштето „Лакавица – Патрик“, директно на нивна територија вршат пребарување и индиректно – преку редовно прегледување на снимките од камерите на терен. 

Инаку и жители од околните села во тој реон самостојно вршат претага во атарот на нивните села, посочуваат од ЦУК. 

Воедно од таму информриаат дека во изминатово деноноќие имало вкупно 1.823 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 57,82 отсто, а 41,48 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 61,22 отсто, кон Итната медицинска помош 22,44 проценти, a кон пожарникарите 9,42 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 788 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“. Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК). 

- Имало два пожара на отворено во последното деноноќие, а пожарникарите гаснеле, паралелно и други пожари во населени места и сите биле изгаснати. Конкретно, Регионалниот ЦУК Охрид, ја пренесува информацијата од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Охрид дека од 16.25 до 16.50 часот со 2 пожарникара и 1 ПП возило интервенирале на запалена ниска вегетација покрај ул. „Марко Цепенков“. РЦУК Велес, ја пренесува информацијата од ТППЕ Неготино дека, вчера, од 13.00 до 16.00 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило, интервенирале на запалена ниска вегетација и напуштен овоштарник, во атарот на с.Пепелиште - посочуваат од ЦУК.

Можеби ќе ве интересира

САКАЛЕ ДА УВЕЗАТ СРЕБРО ВРЕДНО НАД 7 ИЛЈАДИ ЕВРА БЕЗ ДА ПРИЈАВАТ - цариниците со засилени контроли, еве што друго се криумчарело

САКАЛЕ ДА УВЕЗАТ СРЕБРО ВРЕДНО НАД 7 ИЛЈАДИ ЕВРА БЕЗ ДА ПРИЈАВАТ - цариниците со засилени контроли, еве што друго се криумчарело

ВМРО-ДПМНЕ тврди: Заев добил златна виза од Дубаи

ВМРО-ДПМНЕ тврди: Заев добил златна виза од Дубаи

ПАЛЕВСКИ Е ПОСЛЕДНИОТ СВЕДОК ШТО ТРЕБА ДА СВЕДОЧИ: Одложено судењето, неговиот адвокат доставил медицинска документација и барање за одложување

ПАЛЕВСКИ Е ПОСЛЕДНИОТ СВЕДОК ШТО ТРЕБА ДА СВЕДОЧИ: Одложено судењето, неговиот адвокат доставил медицинска документација и барање за одложување

Новиот в.д. градоначалник на Кочани: Бараме помош, градежните инспектори ни се под истрага

Новиот в.д. градоначалник на Кочани: Бараме помош, градежните инспектори ни се под истрага

Започнува пријавувањето за Croatia Osiguruvanje Business Run – трката за најбрза македонска компанија

Започнува пријавувањето за Croatia Osiguruvanje Business Run – трката за најбрза македонска компанија

ОБВИНИТЕЛСТВО ЈА ОДЗЕЛО ДОКУМЕНТАЦИЈАТА НА ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА ОД 2020 ГОДИНА ПА ДО ДЕНЕСКА - во тек е предистрага

ОБВИНИТЕЛСТВО ЈА ОДЗЕЛО ДОКУМЕНТАЦИЈАТА НА ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА ОД 2020 ГОДИНА ПА ДО ДЕНЕСКА - во тек е предистрага

„СЀ Е КАКО ДОСЕГА: НУЛА ОДГОВОРНОСТ КАЈ СИНИТЕ ЗА МОДУЛАРНАТА, НУЛА КАЈ ЦРВЕНИТЕ ЗА КОЧАНИ“: Салиу за министерот Тошковски

„СЀ Е КАКО ДОСЕГА: НУЛА ОДГОВОРНОСТ КАЈ СИНИТЕ ЗА МОДУЛАРНАТА, НУЛА КАЈ ЦРВЕНИТЕ ЗА КОЧАНИ“: Салиу за министерот Тошковски

Охрид СОС: „Хотелот“ на Галичица и натаму не е урнат

Охрид СОС: „Хотелот“ на Галичица и натаму не е урнат

ДАЛИ МВР МУ СЕ НАЛУТИ НА КОЦЕВСКИ? - „Зошто обелоденил дека ќе се апсат полицајци додека акцијата сѐ уште траела

ДАЛИ МВР МУ СЕ НАЛУТИ НА КОЦЕВСКИ? - „Зошто обелоденил дека ќе се апсат полицајци додека акцијата сѐ уште траела